Ултралибералност во користење на парцијални аргументи

Advertisements

4 ПРЕЧКИ ДО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ИЗБОР – Видете ги разликите и последиците од „малите“ измени во новиот закон за прекинување на бременоста

 

Објавено на сајтот на ХЕРА

Ги слуша ли некој барањата на пациентите со ХИВ во нашата земја?

Ги слуша ли некој барањата на пациентите со ХИВ во нашата земја?

 

Извадоци од изјавите на „Заедно посилни” во изминатите три години:

 

http://jakekaskey.files.wordpress.com/2010/12/hiv-ribbon1.jpg1 Декември 2010: „…во земјава сè уште не е воспоставен интегриран државен систем за обезбедување на антиретровирусната терапија. Во нашиот случај, и најмало доцнење или прекин на терапијата може директно да ги загрози нашето здравје и успешноста на истата а со тоа …

и квалитетот и должината на нашиот живот…Бараме систем за континуирано, редовно и навремено набавување на антиретровирусната терапија!”

1 Декември 2011: „Бараме, Министерството и Клиниката да покажат многу посериозни заложби и да гарантираат дека следната година ќе бидат отстранети сите пречки за навремено обезбедување на терапија и тестови за следење, на кои бевме сведоци оваа и изминатите години. Уште повеќе, очекуваме од Министерството за здравство и Владата на РМ во текот на наредната година конечно да изнајдат одржливо и долгорочно решение за набавка на терапијата за ХИВ и тестовите за следење, преку Фондот за здавствено осигурување”.

1 Декември 2012:

„Најважно прашање на кое апелираме Владата и надлежните институции да му посветат зголемено внимание е прашањето со обезбедување редовна и континуирана достапност на современи антиретровирусни лекови, тестови за следење и воопшто сеопфатна здравствена грижа во врска со ХИВ”.

 

Преземено од белешка на фејсбук.

Молк

Сцена добро позната на сите нас. Родителите заедно со своите деца, раскомотени на троседот во дневната гледаат филм. И доаѓа моментот кога има еротска сцена. И сите знаеме што точно ќе се случи. Еден од родителите го зема дале- чинскиот управувач и го менува каналот. МОЛК. Се разбира никој ништо не кажува, никој ништо не прашува. Ова е секако е поедноставната опција, да премолчиме наместо да се потрудиме да ги објасниме они работи кои што треба да бидат кажани, а кои што секој млад човек сака да ги знае. Ова не е сцена што се случува само по дома, туку ова се случува насекаде. Насекаде кај нас најчесто „се менувам каналот“ со децата и со младите, секогаш кога станува збор за сексуалноста, за репродукцијата, за здравјето, за доволството, за љубовта, за врските, за пубертетот, за првата менструација и за ерекција.

И секој за себе има добар изговор, или децата се многу мали, или ни е непријатно да збориме за сексот или пак немаме доволни информации и не знаеме како да го почнеме разговорот.

Приказната започнува дома, а продолжува на училиште, во институциите,во општеството. Сите мислат дека оној другиот треба да го преземе првиот чекор. И додека сите чекаат на оној другиот, децата и младите се најпрвин збунети, не ретко уплашени, а потоа наоѓаат свој начин како да дојдат до информацијата која им е потребна. А денес најчесто тоа се интернет форумите или пак своите врсници, а се разбира информациите до кои што доаѓаат се недоволни или пак погрешни. И во ситуациите кога ќе се појави некој клип од мобилен објавен на интернет сите сме нешто забезекнати.

И што сме направиле додека молчиме? Што е резултатот од незборувањето околу сексуалноста, одбивањето да воведеме сеопфатно сексуално образование? Одговорот оставам да го дадете сами. Никогаш не е прерано да се зборува со децата и младите за сексуалноста, но верувајте некогаш може да биде прекасно.

 

 

Даниел Калајџиески

координатор на програмата за млади

 

 

Пет факти:
1. Во Република Македонија не постои систем преку кој што младите луѓе ќе бидат вклучени во сите фази на донесувањето на одлуки
2. Секоја девојка над 12 години има право да избере свој матичен гинеколог
3. За 89,6% од населението во Македонија хомосексуалноста е неприфатлива
4. Над 90% од младите во Македонија сметаат дека треба да семвоведе сеопфатно сексуално об- разование
5. Безбедниот секс во Македонија е релативно скап. Ако еден пар користи двојна заштита (кон- дом и орална хормонска кон- трацепција) во просек треба да издвојат 1000 денари месечно од својот џепарлак.

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Безбедното мајчинство во Македонија

Ако сте избрале една од улогите кои ќе ги играте во животот, да речеме да се биде мајка или уште попрецизно да бидете мајка во Македонија, тогаш мислам дека сте го избрале „правиот пат“. Секако ќе ја збогатите државата со население, а таа за возврат ќе ви понуди безбедно мајчинство согласно Националната стратегија за безбедно мајчинство. Доколку сте самохрана мајка ќе ја уживате привилегијата на детски додаток од страна на МТСП. Понатаму, ако, пак, сте мајка во ризик да го остави детето поради тоа што сте самохрана, тогаш државата преку проектот „Моето семејство“, спроведуван од Заводот за социјални дејности, ќе ви понуди поддршка и стручна помош за зголемување на вашите капацитетите како самохрана мајка и еднородителско семејство во ризик, со цел да не се доведете во ситуација да се откажете од своите деца и грижата за нив
да и ја доверите на државата. Е сè ова би било убаво, кога би било реално.

Жената која ќе избере да има дете, најпрво треба да си ги плати прегледите кај матичен гинеколог кои и следуваат бесплатно. Ова не е проблем за вработените и ситуираните жени кои велат „ајде за 300-500 денари не е проблем“, заборавајќи дека нивно загарантирано право е бесплатен преглед во тек на бременоста. Но ако жената доаѓа од групите под социјален ризик во Македонија тоа претставува проблем. Тие жени решаваат да не одат на гинеколог, верувајќи дека се ќе биде во ред со нивното дете, обраќајќи се до космосот да го чува нивни-
от плод. Сакајќи да го игнорираме фактот на лоша заштита на бреме ните, оправдувањата за тоа што ни се раѓаат сè повеќе деца со здравствени компликации и што во последното тримесечје на 2011 година починале 30 доенчиња ќе ги бараме во современиот начин на живот на жените и во големиот број на СПИ. Од друга страна, ако, пак, ја погледнете бројката на регистрирани СПИ во Македонија ќе се зачудите колку е таа мала и ќе се запрашате дали е возможно дека е релевантна.

Уживањето на привилегијата да сте самохрана мајка и цената на детскиот додаток кој ќе го добиете за да го издржувате своето дете, можете да го доживеете или како принуда или како мотивација, што побрзо си најдете партнер со кој ќе ги споделите трошоците. Обуките од проектот „моето семејство“ секако ќе ви објаснат што значи зајакната жена и како да се вклучите во тековните активните мерки за вработување на Владата, но како ќе го прехраните своето дете и како ќе си обезбедите себе и нему достоинствен живот, тоа никој нема ни да се обиде да го чуе, а камо ли да ви понуди рака за поддршка која ви е најпотребна во тие моменти.

Од Министерството за здравство се концентрираат на вреднување на лекарите по учинок, а не размислу ва за тоа како ќе обезбеди доволен број на гинеколози во примарно здравство кои им се потребни на
жените во Македонија. Се запрашувам, кој е планот да се унапреди здравјето на жените, како да се зголеми наталитетот, ама на здравородените. посакувани деца, кога немаме гинеколози во поголемите градови во Македонија, а да не зборуваме во селата. Предлог мерките, дел од кампањата „здравствено осигуран е секој граѓанин на Репу блика Македонија“, не стигнуваат до оние на кои им е најпотребни, најпрво зошто не сите информации стигнуваат до граѓаните, а второ мерките не се усогласени со потребите на граѓаните. Така, на крајот, имаме жени во 21 век во Скопје кои се пораѓаат во домашни услови, не зошто така сакаат туку затоа што немаат избор да постапат поинаку.

Мила Царовска,
координаторка на програмата „Пристап до услуги“

Пет факти:

  1. Стапка на смртност кај доенчињата( 2011) : 7.6 умрени доенчиња на 1000 живородени деца
  2. Стапката на доенечка смртност е и понатаму три пати повисока од просекот во ЕУ од 4.75 на 1,000 родени. Главните причини за ова се во ограничената антенатална грижа за бремените жени или пак несоодветното здравствено однесување на бремените жени; застарената медицинска опрема, како и застарените препораки и протоколи кои придонесуваат кон слаб квалитет на услугите; и помалиот опфат со имунизација вo некои селски средини и во ромските заедници
  3. Од јануари 2011 година со програмата за целосно здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните кои не се здравствено осигурени за 2011 година во Република Македонија им се обезбедува уставното загарантирано право на здравствена заштита, здравствени услуги заради утврдување, сле- дење и проверување на здравствената состојба, универзална достапност при користење на здравствена заштита на целото население, вклучувајќи ги и лицата без постојано место на живеење, бездомници и други ранливи групи, како и избор на матичен лекар во примарна здравствена заштита на сите граѓани на Р. М., со што ќе се овозможи користење на услуги на примарно ниво на здравствена заштита
  4. Во 2009/2010 намален е бројот на регистрирани услуги од областа на планирање на се мејство (од 13.331 во 2008 година на 7.966), антенаталните прегледи (92,982 во 2008 година на 83.287), додека патронажната служба и тимовите за превентивна здравствена заштита на деца од предучилишна возраст бележат пораст. Но системот на следење на здравствената состојба и обемот на здравствената заштита кај жени во репродуктивниот период, како и доенчињата и малите деца сè уште не е целосно развиен и недоста суваат соодветни евиденциони обрасци за ефикасно мониторирање
  5.  Економскиот фактор зема данок кај бебињата. Бремените жени не одат редовно на прегледи кај матичните гинеколози, со што го доведуваат во опасност своето здравје и здравјето на бебето. Се случува за банални работи да се доаѓа на клиника, а кога навистина бебето има здравствен проблем, затајува навремената реакција.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Заедно посилни, или за една заедница

Еден пријател, жив сведок на првите денови на СИДА-та во Сан Франциско, неодамна ми раскажуваше за ситуацијата во осумдесеттите. Во тоа време весниците одбивале да објавуваат дури и некролози за починатите од СИДА, па тие започнале да го преплавуваат локалното списание на геј-заедницата. Кога луѓето оделе да пазарат, на големо и поефтино, во својата глава сметале – дали воопшто ќе успеат да ја потрошат купената количина додека да умрат. Конечно, еден светол ден, во локалниот весник не излегол ниту еден некролог: т.н. „троен коктел“ на антиретровирусната терапија ја покажал својата делотворност. Оваа појава бездру го не станала без дејствувањето на засегнатите, без бескомпромисната борба на луѓето што живееле со ХИВ.

Во Македонија, пак, долги години луѓето со ХИВ беа речиси целосно невидливи за пошироката заедница. Во молк и криење, во страв и срам, тие ја живееја најсуровата реалност на СИДА-та уште многу време откако „тројниот коктел“ на прави пресврт во светот и во соседството. Прикриени од својот лекар, од својот колега, од соседот, од својот најблизок пријател, од својот сопруг или сопруга, најпосле, прикриени дури и од самите себеси  неможејќи да го кренат својот глас за правото на живот, тие исчезнуваа од лицето на земјата, најчесто осамени и отфрлени. Навистина, нив ниот број беше мал, а потенцијал ната стигма толку голема и надежта речиси отсутна, што луѓето остану ваа туѓи дури и еден од друг. Се чини дека беше потребно време, како и за многу нешта во оваа мала изолирана земја. Времето најпрвин донесе несебични активисти, а, благодарение на нив, најпосле донесе и терапија. Донесе живот.

Околу мноштвото предизвици што останаа се роди заедница, и понатаму малубројна, но автентична. Денес тие дејствуваат за поправична здравствена грижа, за достоинство, за храброст, за среќа – за подобар живот во заедницата, за подобар живот на заедницата. Нивниот живот денес менува многу.

Андреј Сених

Координатор на заедно посилни – група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

Пет факти

1. Истражувањето спроведено од ХЕРА во 2009 година покажа дека 50% проценти од лицата со ХИВ во Македонија се соочиле со некаков вид на дискриминација поради здравствениот статус

2. И покрај постоењето на Закон за заштита на правата на пациентите и Закон за заштита од дискриминација, на лицата со ХИВ сe уште им се одбиваат услуги од стоматолог или хирург, па дури и од матичен лекар

3. И жените и мажите што живеат со ХИВ денес можат да планираат да бидат родители на здрави деца, доколку имаат пристап до антиретровирусна терапија и соодветна здравствена грижа

4. Како јавно-здравствена мерка, терапијата за ХИВ може да го намали ризикот за пренос на вирусот по сексуален пат за дури 96%. Доколку едно лице со ХИВ редовно ја зема својата терапија, има успешно потиснат вирус барем 6 месеци наназад и нема други сексуално пренос- ливи инфекции, се смета дека не може да го пренесе вирусот преку сексуален контакт

5. Едно популациско истражување спроведено во Данска и објаве- но во 2011 година заклучи дека ХИВ-инфекцијата, кога се третира оптимално, не го зголемува значително ризикот од смрт

 

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

 

Обединувачката нишка на концептот сексуално и репродуктивно здравје

Секој ќе рече дека здравјето и достоинството на луѓето не познава компромиси. Но кога зборуваме за сексуалното и репродуктивното здравје нештата стануваат поинакви, тие кои се најгласни со овој став, најчесто, бараат компромиси. Ако споменеме абортус, контрацепција, ХИВ/СИДА, жени, адолесценти, ЛГБТ лица, се потсетуваме на децениската битка против социјалната, политичката и културолошката неправда којашто стои на патот на придобивките од здравјето, сексуалноста и различноста на луѓето. Секојдневни се предизвиците против табуата, предрасудите, стигматизацијата и дискриминицијата насочени кон луѓе кои единтвено сакаат да ги уживаат своите права на здрави сексуални битија.
Концептот на сексуално и репродуктивно здравје не познава само физичко здравје, односно отсуство на болести туку и ментална и социјал на благосостојба, при што луѓето се ослободени од осуда и насилство и можат слободно да ја живеат и слават својата сексуалност.
Човековите права и сексуалното и репродуктивното здравје се взаемно поврзани. Во услови во кои правото за абортус е скратено, една жена која сака да ја прекине бременоста не може да очекува дека нејзиното здравје ќе остане сочувано. Геј маж нема да биде слободен да го живее својот родов идентитет во целост за да не ја изгуби својата работа, доколку правото за сексуал- на ориентација не му е заштитено. Младите нема да знаат како да го заштитат своето здравје од сексуално преносливи инфекции и неса кана бременост ако во училиштата не се предавасексуално образование и им се ограничува правото до информации. Паровите, во кои ед ниот од партнерите или двајцата се со ХИВ, нема да можат да остварат свое потомство ако лекарите не знаат или го негираат правото за планирање на родителството. Жените нема да бидат рамноправни со мажите ако се ограничи пристапот до контрацепција, други лекови и воопшто, им се ограничува правото до здравствените услуги.

Сексуалното и репродуктивно здравје е јавноздравствена придобивка, а почитувањето и признавањето на индивидуалните слободи и права нејзин основен темел. Ние во ХЕРА од тука почнавме и во тој правец продолжуваме.

Бојан Јовановски – Извршен директор на Х.Е.Р.А.

 

 

 

 

 

Пет факти

 

1. Во 1994 година на Меѓународната Конференција за Популација и Развој, е донесена „Програма за акција“, што е прв меѓунаро ден политички документ којшто го дефинира репродуктивното здравје и права како и обврските на владите за сексуалното и репродуктивното здравје

2. Во 2001 година Владите од земјите членки на Обединетите нации ја донесуваат Политичката Декларација за ХИВ/СИДА кој поставува низа на национални цели и глобални акции во борба против епидемијата

3. Во 2002 година, за време на меѓународен консултативен состанок за сексуално здравје организиран од страна на Светската Здравствена Организација, е направена техничка дефиниција за сексуалните права, во која се дефинира и правото на избор на партнерот

4. Во 2006 година „Универзални от пристап до репродуктивно здравје“ станува дел од 8-те „Милениумски развојни цели “ донесени од страна на Обединетите Нации во 2000 година

5. Владата на Македонија во 2001 ја усвојува првата национална стратегија за ХИВ/СИДА, а 10 години подоцна и Националната Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2011).

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

„Мој избор, моја одлука„

Х.Е.Р.А. ќе ја започне кампањата „Мој избор, моја одлука“. Оваа кампања има за цел да ја зголеми информираноста и свесноста помеѓу младите луѓе во врска со користењето на оралната хормонска контрацепција. Во Република Македонија само 5,6% од студентите користат контрацепција, а за 25% од нив прекинувањето на сексуалниот однос е главен начин на заштита од несакана бременост. Малиот процент на користење на орална контрацепција помеѓу младите е резултат на немањето на пристап до целосни и релевантни информации за орална хормонска контрацепција, односно непостоењето на сеопфатно сексуално образование во нашите училишта. Исто така и оние информации кои се достапни во учебниците се неточни или непотполни, на пример во нив прекинувањето на сексуалниот однос се промовира како метод на контрацепција. Спротивно на Светската здравствена организација во учебниците стои дека оралната контрацецпија „не се препорачува затоа што може да предизвика несакани и трајни последици“. Дополнителна бариера за младите преставува и високата цената на контрацепцијата, односно таа се уште не е покриена од страна на Фондот за здравствено осигурување (не е на позитивна листа).

Поради тоа, во Македонија стапката на тинејџерска бременост е неколкупати поголема од земјите во Европа.

Оваа кампања ќе се спроведува во четири града во Македонија, Битола, Штип, Тетово и Скопје. Преку различни форми на неформално учење, форум театар, проекција на филм, дискусии и трибини со гинеколози, за време на отворените еднодневни младински настани, ќе се пренесуваат најважните информации поврзани со оралната хормонска контрацепција.

Првиот настан, со кој што ќе започне оваа кампања ќе се одржи во Битола на 6-ти мај (недела) во Младинскиот културен центар, со почеток во 14 часот.

За организирањето на настаните во другите градови дополнително ќе ве информираме.

Оваа кампања е поддржана од Европското здружение за контрацепција и репродуктивно здравје.  

Изјава од „Заедно посилни“ за македонската јавност по повод 1 Декември, Светскиот ден на справувањето со ХИВ

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

– група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

 

ИЗЈАВА

за македонската јавност по повод 1 Декември, Светскиот ден на справувањето со ХИВ

Заедно посилни е група на лица што живеат со ХИВ, која делува како автономно тело во рамките на здружението на граѓани ХЕРА. Постои веќе две години, а денес брои 15 члена. Таа е отворена за сите лица со ХИВ во Македонија кои имаат потреба од поддршка или сакаат да се вклучат во активности за зајакнување, стекнување на информации за ХИВ и прашања што се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот, како и активности на застапување за пристап до квалитетна терапија, подобра медицинска грижа, и остварување на сите права на лицата со ХИВ. Луѓето што членуваат во неа не прават разлика врз основа на етничката припадност и верското убедување, полот, возраста, сексуалната ориентација, образованието, социјалната состојба итн., но делат заеднички потреби за подобар живот, кои се условени од ХИВ-инфекцијата.

Во име на заедницата на лица со ХИВ, Заедно посилни сака да ја запознае јавноста со најголемите проблеми со кои се соочува оваа група граѓани, и јавно да ги повика надлежните институции итно да изнајдат решенија за нив.

 

Медицинска грижа и лекување

Како заедница, повеќе години наназад се соочуваме со проблеми во континуираното обезбедување на терапија, како и тестови за следење на инфекцијата. Оваа година Министерството за здравство за прв пат издвои средства во рамки на превентивната програма за ХИВ за набавка на терапијата за ХИВ, која претходно се купуваше со средства од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. За жал, самата постапка за купување на лековите наиде на низа административни и правни бариери, за кои Министерството за здравство и Клинката за инфективни болести половина година не наоѓаа соодветно решение. Како резултат на тоа, лековите пристигнаа дури во почетокот на август, во последниот миг пред сосема да се исцрпат и последните залихи, а пациентите беа принудени да доаѓаат на Клиниката на секои неколку дена за да подигнат ограничен број на таблети. Целосен прекин на терапијата беше избегнат само благодарение на тоа што тројца пациенти приватно си ги набавија скапите лекови, и на тој начин малите преостанати залихи можеа да им се распределат на останатите пациенти.

Покрај тоа, бројот на моментално достапните тераписки можности во земјава е мошне ограничен за да одговори на потребите од долгорочно, ефикасно и квалитетно лекување на ХИВ-инфекцијата.

На Клиниката за инфективни болести веќе 16 месеци недостасуваат тестови за мерење на количеството на вирус во крвта, без кои не може да се замисли успешно третирање на ХИВ-инфекцијата на подолг рок. Според упатствата за третман на ХИВ на Европското клиничко здружение за СИДА, овој тест треба да се прави на секои 3-6 месеци, за да може да се оцени делотворноста на лековите и да се преземат навремени мерки за нивна промена, доколку се утврди дека моменталната комбинација на лекови престанала да дејствува.

БАРАМЕ,

Министерството и Клиниката да покажат многу посериозни заложби и да гарантираат дека следната година ќе бидат отстранети сите пречки за навремено обезбедување на терапија и тестови за следење, на кои бевме сведоци оваа и изминатите години. Уште повеќе, очекуваме од Министерството за здравство и Владата на РМ во текот на наредната година конечно да изнајдат одржливо и долгорочно решение за набавка на терапијата за ХИВ и тестовите за следење, преку Фондот за здавствено осигурување. Затоа што, како граѓани на Република Македонија и ние, лицата што живеат со ХИВ, имаме право на највисок достижен стандард на здравје, за чие обезбедување државата се обврзала со повеќе меѓународни конвенции.

 

Случаи на дискриминација. ХИВ како социјално прашање

И оваа година бележиме случаи на одбивање на медицинска услуга и кршење на правото на доверливост на медицинските податоци. Во таа смисла, изразуваме длабоко жалење што некои здравствени работници од јавни и приватни институции, ги кршат правата на лицата со ХИВ, спротивно на лекарската етика. Денес, кога медицината во светот отиде толку напред што ХИВ-позитивните родители можат да имаат здраво потомство, се прашуваме како е возможно медицински лица да имаат таков страв и непознавање за ова заболување.

Случаи на дискриминација забележавме и од страна на социјални установи; во еден од нив бездомно лице беше одбиено за згрижување врз основа на претпоставен ХИВ-статус. Ова лице подоцна почина на улица во центарот на Скопје. Загрижени сме што Државата сè уште нема воспоставено никаков систем на социјална заштита и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ, а се социјално необезбедени, незгрижени или отфрлени од општеството.

БАРАМЕ –

конкретни заложби од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, и Владата на Република Македонија, за искоренување на стигмата кон лицата што живеат со ХИВ, санкционирање на дискриминацијата врз основа на откриен или претпоставен ХИВ-статус, особено во рамки на здравството, како и конечно препознавање на ХИВ-статусот како основа за добивање на парична и друг вид социјална помош и заштита.

Повик до заедницата

Ги охрабруваме и повикуваме сите лица што живеат со ХИВ да ни се обратат за поддршка и информации, и да ни се придружат во напорите што ги правиме за да се избориме за подобар и достоинствен живот, за непрекинат пристап до современ, сеопфатен и квалитетен третман, и за остварување на сите други права што ни следуваат како граѓани на ова општество.

Благодарност

Заедно посилни им благодарат од срце на сите што неуморно придонесуваат во националниот одговор на ХИВ, на медицинскиот и другиот персонал на Клиниката за инфективни болести кои се грижат за нашето здравје и обезбедуваат драгоцена поддршка, на активистите од невладиниот сектор, особено на здружението ХЕРА кое ни овозможува да функционираме како група и да ги јакнеме нашите капацитети.

Посебно им благодариме на Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, на Македонската опера и балет, на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА, и на дипломатските претставници и претставниците на бизнис-заедницата, кои ни дадоа морална и материјална поддршка преку овогодинешната кампања и донаторскиот концерт по повод 1 Декември, како и сите оние што тоа го правеа и досега.

Read more of this post