New restrictive abortion law is proposed by the Government of the Republic of Macedonia

A couple of days ago the Government of Macedonia  proposed to Parliament  a new Abortion Law. The new Abortion Law    has a number of articles which are restrictive and  dimish the right of women to have free access to abortion.

The Government  proposes that the law goes through an urgent procedure, because they  state,   it is not a systemic  law and the issues that are covered are not disputable. Today when the Minister of Health addressed Parliament said that in the law there are   no new aspects introduced and that only  issues from the old law are better regulated. The Minister also pointed out that this law is proposed due to the protection of the women’s health.   The majority of the MPs voted for the new law to go through urgent procedure.

OF COURSE THIS IS MANIPULATION AND IT IS NOT TRUE.

The new law on abortion introduces new mechanisms that are obstacles for free access to abortion.  In short  below are the restrictive aspects of the new l
A woman needs to submit a written application in order the pregnancy to be terminated ,aw:

  • A woman needs to give a written consent approval the procedure to be done ,
  • mandatory pre-abortion counseling ,
  • the partner (the husband) is to be informed about the procedure,
  • mandatory waiting period of three days after the pre-abortion counseling,
  • submitting a confirmation from the doctor is necessary

The whole law  gives significant discretionary power to the Minister of Health,

and the  makes the whole system  highly centralized.

These are only the main restrictive aspects of the new law.

The law is in parliamentary procedure and the next discussion in the commission is in two days time.

PLEASE SHARE THE POST.

Advertisements

Заедно посилни, или за една заедница

Еден пријател, жив сведок на првите денови на СИДА-та во Сан Франциско, неодамна ми раскажуваше за ситуацијата во осумдесеттите. Во тоа време весниците одбивале да објавуваат дури и некролози за починатите од СИДА, па тие започнале да го преплавуваат локалното списание на геј-заедницата. Кога луѓето оделе да пазарат, на големо и поефтино, во својата глава сметале – дали воопшто ќе успеат да ја потрошат купената количина додека да умрат. Конечно, еден светол ден, во локалниот весник не излегол ниту еден некролог: т.н. „троен коктел“ на антиретровирусната терапија ја покажал својата делотворност. Оваа појава бездру го не станала без дејствувањето на засегнатите, без бескомпромисната борба на луѓето што живееле со ХИВ.

Во Македонија, пак, долги години луѓето со ХИВ беа речиси целосно невидливи за пошироката заедница. Во молк и криење, во страв и срам, тие ја живееја најсуровата реалност на СИДА-та уште многу време откако „тројниот коктел“ на прави пресврт во светот и во соседството. Прикриени од својот лекар, од својот колега, од соседот, од својот најблизок пријател, од својот сопруг или сопруга, најпосле, прикриени дури и од самите себеси  неможејќи да го кренат својот глас за правото на живот, тие исчезнуваа од лицето на земјата, најчесто осамени и отфрлени. Навистина, нив ниот број беше мал, а потенцијал ната стигма толку голема и надежта речиси отсутна, што луѓето остану ваа туѓи дури и еден од друг. Се чини дека беше потребно време, како и за многу нешта во оваа мала изолирана земја. Времето најпрвин донесе несебични активисти, а, благодарение на нив, најпосле донесе и терапија. Донесе живот.

Околу мноштвото предизвици што останаа се роди заедница, и понатаму малубројна, но автентична. Денес тие дејствуваат за поправична здравствена грижа, за достоинство, за храброст, за среќа – за подобар живот во заедницата, за подобар живот на заедницата. Нивниот живот денес менува многу.

Андреј Сених

Координатор на заедно посилни – група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

Пет факти

1. Истражувањето спроведено од ХЕРА во 2009 година покажа дека 50% проценти од лицата со ХИВ во Македонија се соочиле со некаков вид на дискриминација поради здравствениот статус

2. И покрај постоењето на Закон за заштита на правата на пациентите и Закон за заштита од дискриминација, на лицата со ХИВ сe уште им се одбиваат услуги од стоматолог или хирург, па дури и од матичен лекар

3. И жените и мажите што живеат со ХИВ денес можат да планираат да бидат родители на здрави деца, доколку имаат пристап до антиретровирусна терапија и соодветна здравствена грижа

4. Како јавно-здравствена мерка, терапијата за ХИВ може да го намали ризикот за пренос на вирусот по сексуален пат за дури 96%. Доколку едно лице со ХИВ редовно ја зема својата терапија, има успешно потиснат вирус барем 6 месеци наназад и нема други сексуално пренос- ливи инфекции, се смета дека не може да го пренесе вирусот преку сексуален контакт

5. Едно популациско истражување спроведено во Данска и објаве- но во 2011 година заклучи дека ХИВ-инфекцијата, кога се третира оптимално, не го зголемува значително ризикот од смрт

 

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

 

Петнаесет минути од вашето време. Петнаесет минути за надминување на стигмата.

Најголемата причина што светот денес сe уште не може успешно да се справи со пандемијата СИДА е што поголемиот број од луѓето инфицирани со ХИВ, не се свесни за тоа. Денес во Македонија тестирањето за ХИВ е широко достапно за секого, тестовите се бесплатни, се прават под шифра, се гарантира доверливоста, потребни се најмногу 15 минути за да се дознаат резултатите.

Сепак бројот на лица кои направиле ХИВ тест, на сопствена иницијатива, во Македонија е незначителен. Дали перцепцијата за сопствениот ризик од ХИВ на луѓето во нашата земја е најголема причина за тоа? На пример, што го прави поризичен, а ХИВ, сексот без кондом со човек од друга раса, различна националност или од друг континент во споредба со сексот без кондом со нашето момче, сопругот, студентката која вчера сме ја запознале, нашиот другар од детство или срамежливиот човек којшто сметаме дека е човекот од нашите соништа? Едноставно – нема разлика со кого е сексуалниот однос, дали партнерите ни се со ист или различен пол, колкав е нивниот број и од која планета доаѓаат. Секој секс без кондом е ризик за ХИВ. Не се ретки и сториите на лицата со ХИВ од нашата земја коишто потврдуваат дека и тие верувале дека ХИВ не може ним да им се случи и дека го има таму некаде… во други земји… кај други луѓе…

А кој сe треба да направи ХИВ тест? Одговорот е прилично едноставен: Секој од нас… и мојотпријател кој е геј и редовно користикондом, и продавачката од супер-маркетот до мојата зграда која емајка на три деца и не користи кондом со сопругот… и јас кога ќе ре планирам мајчинство, и другарками која е здравствен работник икоја ретко користи кондоми… момчето кое по шестмесечна врскарешава да има секс без кондом сосвојата девојка… Ова се зборовитена човекот којшто е сепак херој намоето време: „Дојдов за да направам ХИВ тест. Не можам да ги убедам моите партнерки да направат ХИВ тест или да користиме кон-

дом. Знам дека ако ХИВ се открие навреме, со него може да се живее долго, а имам намера да живеам сто години”… Човекот имаше повеќе 70 години.

Елизабета Божиноска

Координатор на програмата ХИВ

Пет факти:

 

1. За резултатите од ХИВ тестот да бидат валидни потребно е да из- мине временски период од 3 до 6 месеци од последната изложеност на ризик од ХИВ.

2. Во следните центри во Македонија може да направите ХИВ тест, кој е бесплатен, под шифра, ни ви треба упат, здравствена книшка и сино картонче и ви се гаран- тира доверливоста: Мобилни клиники на ХЕРА кои функционираат во 10 града, Младинските центри „Сакам да знам” на ХЕРА, Советувалиште при Клиниката за Инфективни болести, советувалишта во 10 центра за јавно здравје низ земјата, Институт за јавно здравје и Поликлиника Бит пазар.

3. Само 0.15% од граѓаните на Македонија направиле ХИВ тестирање користејќи ја широката мрежа на сервиси за доброволно советување и тестирање за ХИВ во 2010.

4. Со навремено тестирање за ХИВ денес со ХИВ се живее здраво, долго и квалитетно, со изедначен век на живеење како и живот без ХИВ.

5. 100% од лицата кои го дознале сопствениот позитивен ХИВ статус преку Мобилните клиники на ХЕРА се откриени навремено – во рана фаза на ХИВ – инфекцијата.

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Република млади

Република млади – закачи си на www.republikamladi.mk слободна територија за дискусија за сите прашања, за нас, за младите.

Република Млади е иницијатива за одбрана на младинското учество. 60-тина организации од Македонија, младински и граѓански, се заложија да ја предизвикаат младинската мисла и да го рашират младинскиот глас за потребата од креирање платформа за младинска демократија. Платформата треба да обезбеди учество и влијание на младите во одлучувањето на сите нивоа во државата.

Република Млади во моментов е неформална иницијатива/коалиција која своите независни ставови ги гради врз база на искуствата, експертизите и перцепциите на своите организации, членки и поддржувачи. Активностите на иницијативата ги организира Координативно тело, во консултација со сите организации-членки.

Основна цел на Иницијативата е да дејствува кон креирање демократски, репрезентативен и инклузивен модел на национално младинско организирање во Република Македонија. Во таа насока, Република Млади цели да ја обезбеди државата за свој партнер во овој процес, а активно ќе соработува и со сите меѓународни институции и организации кои се активни во областа на младинското учество.

Република Млади е отворена платформа во која може да се приклучи секоја младинска или граѓанска организација која ги споделува целите на иницијативата. Контактирајте на info@republikamladi.mk за приклучување на вашата организација во Република Млади.

Фестивалот “Ѕуница“ по седми пат

На 18-ти април (среда) со почеток во 19.30 часот, по седми пат ќе се организира фестивалот „Ѕуница“. Програмата на фестивалот преку повеќе проекции на играни и документарни филмови има за цел да даде придонес кон културната сцена на ЛГБТ заедницата кај нас.

Проекциите ќе се одржуваат во Кино ФРОСИНА во МКЦ. Целосната програма на фестивалот можете да ја преземете на следниов линк.

И оваа година тимот на Ѕуница и ЕГАЛ нудат програма со интересни филмови, а кои најчесто и за прв пат се прикажуваат во некоја од кино салите во Македонија.