Приказната за една кампања

DSC_0025И еве ме девојка во 21 век… Секој ден од сите страни слушам дека светот оди напред, научниците успеале да откријат ваква и ваква работа, владите и државите имплементирале ова и ова, почнале да се користат нови модели, се воведуваат најразлични иновации во најразлични области… А, ние?

Ние во последниве години како да тапкаме во место. Можеби и не тапкаме, можеби  дури и се враќаме неколку чекори наназад…

Во нашава мала државичка дури и во 21 век, во модерното време се користат апсолутно исти техники како во одредени држави во средината на 20ти век… Пропагандата на Гебелс,  постулатите на Бернеј… активно се вклучени во нашиот општествен живот.

Е да, Гебелс користел радио,  а сега се користи телевизија… Нашиот просечен човек и нема некој голем избор на канали, односно има… но, на сите се врти истата содржина.  Внимателно избрано времето (околу спортски случувања,  празници) на емитување, внимателно избрано времето на повторување, внимателно избрани слогани…  Менување на свеста… Силување на интелектот на нашиот граѓанин.

И ќе се прашаме каде е тука насилството?  Насилството е составен дел на оние манипулативни пораки… Оние пораки кои навидум изгледаат безопасни… Пораки кои не повредуваат никого… Пораки кои на прв поглед  изгледаат вообичаено,а во суштина се исполнети со насилни содржини, скриени значења…  И тие пораки се оние пораки кои на најбрутален можен начин ја силуваат свеста на гледачите и најефективно ги менуваат нивните ставови.

Кај нас, се започна пред некои 6 години… Тогаш патувајќи накај факултет ги забележав постерите кои го преплавија нашево Скопје… Страшни слики, проследени со пораки дека абортусот е убиство… Директно посочување кон жената што направила абортус дека е убиец. Стигматизација и нетолерантност. Нарачател: непознат.

2009 година- покрај најавите за промена на законот абортус почнува да се спроведува кампањата за штетните последици од истиот.  Нарачател: Влада на РМ Премиерот во тоа време изјавува дека никој нема намера да го забрани абортусот туку да ги покаже ризиците од неговото изведување. Повторно манипулирање со обичниот граѓанин, кој сакал-нејќел беше изложен на овие рекламни спотови…

Многу скоро во нашиот медиумски простор почнува да се врти кампањата: „Имаш право на избор. Избери живот.“  Цел- менување на свеста на луѓето. Нарачател: Влада на РМ Слоганот насилен и насочувачки. Доколку некој, не навлегувајќи во суштината на истиот, го прочита овој слоган во очи ќе му падне зборот избор- што недвосмислено насочува кон можноста девојките/жените да направат избор во животот каков што тие сакаат и да си ги остварат правата, без притоа никој да им се меша во истото . Тоа е така, но само навидум… Вториот дел од самата порака јасно укажува на тоа каков треба да биде изборот на секоја жена/девојка.  Стигматизација и нетолерантност кон девојките/жените кои сакаат да направат (или веќе направиле) абортус.

Но тоа не е се…Овој циклус продолжи со менување на законот за абортус. Законот заради спорните одредби (чекање од 3 дена, советување за придобивките од бременоста и сл.) стана порестриктивен.  Стигматизација и нетолерантност кон изборот на девојките/ жените, и женските права, дискриминација на девојките/ жените  кои не се економски моќни, кои немаат непречен пристап до здравствени услуги…

И повторно нов циклус на реклами кои посочуваат на предностите од бременоста, ризиците од абортусот и врвот на врвовите- реченицата на последната рекламна порака- „ Ви честитам, убивте здраво дете.“  Рекламата беше повлечена, но целта постигната- свеста на граѓаните почна да се менува… на полошо. Дискриминација на жената и нејзините права.

Сменета свест и потрошено мало богатство (проценките се дека од 2009 година наваму, се трошат по 36 милиони денари на годишно ниво за оваа кампања).Со тие пари, на годишно ниво во Македонија може да се обезбеди бесплатна контрацепција за околу 6000 жени и да се спроведе едукација на жените за користењето на контрацепцијата, а со тоа да се намали стапката на абортус.

Факт- Вака (на досегашниот начин- кампањи, менување на закон) не се намалува бројот на абортуси. Новиот закон за абортус ќе го отежни слободниот пристап до абортус. Така барем велат  71% од гинеколозите во Македонија.

Факт-45% од младите во Македонија ги осудуваат жените кои направиле абортус.

Факт- Медиумските кампањи ја менуваат свеста!!! Абортусот може да се случи секому.  Да не паѓаме на површни кампањи ! Да ги почитуваме женските права!

Да не дозволиме да ни влијаат манипулативни пораки!!!

Да не дозволиме да ни ги избришат цивилизациските вредности и придобивки.

Промената почнува со мене!

Македонија има љубов за сите!

Advertisements

Сексуалното образование не се однесува само на сексот

Се викам Велимир. Имам 24 години. Наредниот 31-ви Јануари ќе наполнам 25. Проблемот е што нема да бидам млад веќе. Барем според дефиницијата на Обединетите Нации, каде што млад човек е дефиниран секој кој има помеѓу 14-25 години. Од 7 милијарди луѓе, 1,8 милијарди се на возраст меѓу 10 и 24 години, а 90% живеат во земјите во развој. Значи живеат и во Македонија. Како живеат?

Повеќе од јасно е дека за државата, младите не се на агендата и се надвор од процесот на донесување на одлуки. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, на меѓународниот ден на младите, претходната година на 12-ти Август ја истакна неопходноста од градење на партнерство со младите и истакна дека, за да се ослободи силата на младите мора да бидеме партнери со нив. Колку добар партнер е Македонија?
Неговата Екселенција ги повика сите, владите, цивилниот, приватниот и академскиот сектор да изградат и да ги зголемат можностите за успех на младите. Е тука Македонија е изгубена. Инаку го пратиме светскиот тренд на креирање на изгубена генерација, т.е генерации. Но, ние барем знаеме да наброиме неколку политирачи и ликови од турски серии. Е тоа младите во странство не го можат. Еден нула за нас.

Меѓународната федерација за планирано родителство, во својата визија 2020 ја истакнува важноста на младите и потребата на соработка со нив како генератор на позитивни промени. МФПР смета дека е неопходно да се направи се за да се слушне гласот на младите во општеството, како и да бидат сослушани од страна на политичарите и донесувачите на одлуки. Исто така да се промовираат законите, политиките и програмите за заштита на правата на младите. Да станат дел во обликувањето на иднината во својата заедница, преку инвестирање во образованието, здравјето и благосостојбата, како и засилување на борбата против сиромаштијата и нееднаквоста.

Како долгогодишен волонтер и активист во областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, сметам дека еден од начините за унапредување на секојдневен живот на младите е воведување на сеопфатно сексуално образование како редовен предмет во училиштата. Сексуалното образование не се однесува само на сексот. Факт. Сеопфатното сексуално образование вклучува и сексуалност, пол, сексуално и репродуктивно здравје и права и сексуалното однесување. И она што е многу важно, младите луѓе се стекнуваат со животни вештини и како да се донесат автономни, информирани одлуки.

 

Зошто сеопфатно сексуално образование?
Бидејќи училиштето е вистинското место каде децата и младите треба да се научат како да се грижат за своето здравје. Бидејќи младите имааат погрешни информаации и се неинформирани. Бидејќи младите имаат право на образование. Бидејќи родителите и наставниците ќе бидат вклучени. Бидејќи е вистинската инвестција во младите. Не треба Субрата Рој за тоа.

И за крај:
• инвестиции во изградба на тениски терени и спортски сали не е инвестирање во младите.
• потребно е да се воспостави чадор организација кога ќе ги преставува интересите на младите луѓе.
• воведување на сеопфатно сексуално образование како редовен предмет во училиштата.

 

Ако знаењето е сила знаењето е моќ, нели.

И секако дискусијата може да ја продолжиме на твитер @Velimir_Saveski

 

Молк

Сцена добро позната на сите нас. Родителите заедно со своите деца, раскомотени на троседот во дневната гледаат филм. И доаѓа моментот кога има еротска сцена. И сите знаеме што точно ќе се случи. Еден од родителите го зема дале- чинскиот управувач и го менува каналот. МОЛК. Се разбира никој ништо не кажува, никој ништо не прашува. Ова е секако е поедноставната опција, да премолчиме наместо да се потрудиме да ги објасниме они работи кои што треба да бидат кажани, а кои што секој млад човек сака да ги знае. Ова не е сцена што се случува само по дома, туку ова се случува насекаде. Насекаде кај нас најчесто „се менувам каналот“ со децата и со младите, секогаш кога станува збор за сексуалноста, за репродукцијата, за здравјето, за доволството, за љубовта, за врските, за пубертетот, за првата менструација и за ерекција.

И секој за себе има добар изговор, или децата се многу мали, или ни е непријатно да збориме за сексот или пак немаме доволни информации и не знаеме како да го почнеме разговорот.

Приказната започнува дома, а продолжува на училиште, во институциите,во општеството. Сите мислат дека оној другиот треба да го преземе првиот чекор. И додека сите чекаат на оној другиот, децата и младите се најпрвин збунети, не ретко уплашени, а потоа наоѓаат свој начин како да дојдат до информацијата која им е потребна. А денес најчесто тоа се интернет форумите или пак своите врсници, а се разбира информациите до кои што доаѓаат се недоволни или пак погрешни. И во ситуациите кога ќе се појави некој клип од мобилен објавен на интернет сите сме нешто забезекнати.

И што сме направиле додека молчиме? Што е резултатот од незборувањето околу сексуалноста, одбивањето да воведеме сеопфатно сексуално образование? Одговорот оставам да го дадете сами. Никогаш не е прерано да се зборува со децата и младите за сексуалноста, но верувајте некогаш може да биде прекасно.

 

 

Даниел Калајџиески

координатор на програмата за млади

 

 

Пет факти:
1. Во Република Македонија не постои систем преку кој што младите луѓе ќе бидат вклучени во сите фази на донесувањето на одлуки
2. Секоја девојка над 12 години има право да избере свој матичен гинеколог
3. За 89,6% од населението во Македонија хомосексуалноста е неприфатлива
4. Над 90% од младите во Македонија сметаат дека треба да семвоведе сеопфатно сексуално об- разование
5. Безбедниот секс во Македонија е релативно скап. Ако еден пар користи двојна заштита (кон- дом и орална хормонска кон- трацепција) во просек треба да издвојат 1000 денари месечно од својот џепарлак.

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Безбедното мајчинство во Македонија

Ако сте избрале една од улогите кои ќе ги играте во животот, да речеме да се биде мајка или уште попрецизно да бидете мајка во Македонија, тогаш мислам дека сте го избрале „правиот пат“. Секако ќе ја збогатите државата со население, а таа за возврат ќе ви понуди безбедно мајчинство согласно Националната стратегија за безбедно мајчинство. Доколку сте самохрана мајка ќе ја уживате привилегијата на детски додаток од страна на МТСП. Понатаму, ако, пак, сте мајка во ризик да го остави детето поради тоа што сте самохрана, тогаш државата преку проектот „Моето семејство“, спроведуван од Заводот за социјални дејности, ќе ви понуди поддршка и стручна помош за зголемување на вашите капацитетите како самохрана мајка и еднородителско семејство во ризик, со цел да не се доведете во ситуација да се откажете од своите деца и грижата за нив
да и ја доверите на државата. Е сè ова би било убаво, кога би било реално.

Жената која ќе избере да има дете, најпрво треба да си ги плати прегледите кај матичен гинеколог кои и следуваат бесплатно. Ова не е проблем за вработените и ситуираните жени кои велат „ајде за 300-500 денари не е проблем“, заборавајќи дека нивно загарантирано право е бесплатен преглед во тек на бременоста. Но ако жената доаѓа од групите под социјален ризик во Македонија тоа претставува проблем. Тие жени решаваат да не одат на гинеколог, верувајќи дека се ќе биде во ред со нивното дете, обраќајќи се до космосот да го чува нивни-
от плод. Сакајќи да го игнорираме фактот на лоша заштита на бреме ните, оправдувањата за тоа што ни се раѓаат сè повеќе деца со здравствени компликации и што во последното тримесечје на 2011 година починале 30 доенчиња ќе ги бараме во современиот начин на живот на жените и во големиот број на СПИ. Од друга страна, ако, пак, ја погледнете бројката на регистрирани СПИ во Македонија ќе се зачудите колку е таа мала и ќе се запрашате дали е возможно дека е релевантна.

Уживањето на привилегијата да сте самохрана мајка и цената на детскиот додаток кој ќе го добиете за да го издржувате своето дете, можете да го доживеете или како принуда или како мотивација, што побрзо си најдете партнер со кој ќе ги споделите трошоците. Обуките од проектот „моето семејство“ секако ќе ви објаснат што значи зајакната жена и како да се вклучите во тековните активните мерки за вработување на Владата, но како ќе го прехраните своето дете и како ќе си обезбедите себе и нему достоинствен живот, тоа никој нема ни да се обиде да го чуе, а камо ли да ви понуди рака за поддршка која ви е најпотребна во тие моменти.

Од Министерството за здравство се концентрираат на вреднување на лекарите по учинок, а не размислу ва за тоа како ќе обезбеди доволен број на гинеколози во примарно здравство кои им се потребни на
жените во Македонија. Се запрашувам, кој е планот да се унапреди здравјето на жените, како да се зголеми наталитетот, ама на здравородените. посакувани деца, кога немаме гинеколози во поголемите градови во Македонија, а да не зборуваме во селата. Предлог мерките, дел од кампањата „здравствено осигуран е секој граѓанин на Репу блика Македонија“, не стигнуваат до оние на кои им е најпотребни, најпрво зошто не сите информации стигнуваат до граѓаните, а второ мерките не се усогласени со потребите на граѓаните. Така, на крајот, имаме жени во 21 век во Скопје кои се пораѓаат во домашни услови, не зошто така сакаат туку затоа што немаат избор да постапат поинаку.

Мила Царовска,
координаторка на програмата „Пристап до услуги“

Пет факти:

  1. Стапка на смртност кај доенчињата( 2011) : 7.6 умрени доенчиња на 1000 живородени деца
  2. Стапката на доенечка смртност е и понатаму три пати повисока од просекот во ЕУ од 4.75 на 1,000 родени. Главните причини за ова се во ограничената антенатална грижа за бремените жени или пак несоодветното здравствено однесување на бремените жени; застарената медицинска опрема, како и застарените препораки и протоколи кои придонесуваат кон слаб квалитет на услугите; и помалиот опфат со имунизација вo некои селски средини и во ромските заедници
  3. Од јануари 2011 година со програмата за целосно здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните кои не се здравствено осигурени за 2011 година во Република Македонија им се обезбедува уставното загарантирано право на здравствена заштита, здравствени услуги заради утврдување, сле- дење и проверување на здравствената состојба, универзална достапност при користење на здравствена заштита на целото население, вклучувајќи ги и лицата без постојано место на живеење, бездомници и други ранливи групи, како и избор на матичен лекар во примарна здравствена заштита на сите граѓани на Р. М., со што ќе се овозможи користење на услуги на примарно ниво на здравствена заштита
  4. Во 2009/2010 намален е бројот на регистрирани услуги од областа на планирање на се мејство (од 13.331 во 2008 година на 7.966), антенаталните прегледи (92,982 во 2008 година на 83.287), додека патронажната служба и тимовите за превентивна здравствена заштита на деца од предучилишна возраст бележат пораст. Но системот на следење на здравствената состојба и обемот на здравствената заштита кај жени во репродуктивниот период, како и доенчињата и малите деца сè уште не е целосно развиен и недоста суваат соодветни евиденциони обрасци за ефикасно мониторирање
  5.  Економскиот фактор зема данок кај бебињата. Бремените жени не одат редовно на прегледи кај матичните гинеколози, со што го доведуваат во опасност своето здравје и здравјето на бебето. Се случува за банални работи да се доаѓа на клиника, а кога навистина бебето има здравствен проблем, затајува навремената реакција.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Заедно посилни, или за една заедница

Еден пријател, жив сведок на првите денови на СИДА-та во Сан Франциско, неодамна ми раскажуваше за ситуацијата во осумдесеттите. Во тоа време весниците одбивале да објавуваат дури и некролози за починатите од СИДА, па тие започнале да го преплавуваат локалното списание на геј-заедницата. Кога луѓето оделе да пазарат, на големо и поефтино, во својата глава сметале – дали воопшто ќе успеат да ја потрошат купената количина додека да умрат. Конечно, еден светол ден, во локалниот весник не излегол ниту еден некролог: т.н. „троен коктел“ на антиретровирусната терапија ја покажал својата делотворност. Оваа појава бездру го не станала без дејствувањето на засегнатите, без бескомпромисната борба на луѓето што живееле со ХИВ.

Во Македонија, пак, долги години луѓето со ХИВ беа речиси целосно невидливи за пошироката заедница. Во молк и криење, во страв и срам, тие ја живееја најсуровата реалност на СИДА-та уште многу време откако „тројниот коктел“ на прави пресврт во светот и во соседството. Прикриени од својот лекар, од својот колега, од соседот, од својот најблизок пријател, од својот сопруг или сопруга, најпосле, прикриени дури и од самите себеси  неможејќи да го кренат својот глас за правото на живот, тие исчезнуваа од лицето на земјата, најчесто осамени и отфрлени. Навистина, нив ниот број беше мал, а потенцијал ната стигма толку голема и надежта речиси отсутна, што луѓето остану ваа туѓи дури и еден од друг. Се чини дека беше потребно време, како и за многу нешта во оваа мала изолирана земја. Времето најпрвин донесе несебични активисти, а, благодарение на нив, најпосле донесе и терапија. Донесе живот.

Околу мноштвото предизвици што останаа се роди заедница, и понатаму малубројна, но автентична. Денес тие дејствуваат за поправична здравствена грижа, за достоинство, за храброст, за среќа – за подобар живот во заедницата, за подобар живот на заедницата. Нивниот живот денес менува многу.

Андреј Сених

Координатор на заедно посилни – група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

Пет факти

1. Истражувањето спроведено од ХЕРА во 2009 година покажа дека 50% проценти од лицата со ХИВ во Македонија се соочиле со некаков вид на дискриминација поради здравствениот статус

2. И покрај постоењето на Закон за заштита на правата на пациентите и Закон за заштита од дискриминација, на лицата со ХИВ сe уште им се одбиваат услуги од стоматолог или хирург, па дури и од матичен лекар

3. И жените и мажите што живеат со ХИВ денес можат да планираат да бидат родители на здрави деца, доколку имаат пристап до антиретровирусна терапија и соодветна здравствена грижа

4. Како јавно-здравствена мерка, терапијата за ХИВ може да го намали ризикот за пренос на вирусот по сексуален пат за дури 96%. Доколку едно лице со ХИВ редовно ја зема својата терапија, има успешно потиснат вирус барем 6 месеци наназад и нема други сексуално пренос- ливи инфекции, се смета дека не може да го пренесе вирусот преку сексуален контакт

5. Едно популациско истражување спроведено во Данска и објаве- но во 2011 година заклучи дека ХИВ-инфекцијата, кога се третира оптимално, не го зголемува значително ризикот од смрт

 

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

 

„Мој избор, моја одлука„

Х.Е.Р.А. ќе ја започне кампањата „Мој избор, моја одлука“. Оваа кампања има за цел да ја зголеми информираноста и свесноста помеѓу младите луѓе во врска со користењето на оралната хормонска контрацепција. Во Република Македонија само 5,6% од студентите користат контрацепција, а за 25% од нив прекинувањето на сексуалниот однос е главен начин на заштита од несакана бременост. Малиот процент на користење на орална контрацепција помеѓу младите е резултат на немањето на пристап до целосни и релевантни информации за орална хормонска контрацепција, односно непостоењето на сеопфатно сексуално образование во нашите училишта. Исто така и оние информации кои се достапни во учебниците се неточни или непотполни, на пример во нив прекинувањето на сексуалниот однос се промовира како метод на контрацепција. Спротивно на Светската здравствена организација во учебниците стои дека оралната контрацецпија „не се препорачува затоа што може да предизвика несакани и трајни последици“. Дополнителна бариера за младите преставува и високата цената на контрацепцијата, односно таа се уште не е покриена од страна на Фондот за здравствено осигурување (не е на позитивна листа).

Поради тоа, во Македонија стапката на тинејџерска бременост е неколкупати поголема од земјите во Европа.

Оваа кампања ќе се спроведува во четири града во Македонија, Битола, Штип, Тетово и Скопје. Преку различни форми на неформално учење, форум театар, проекција на филм, дискусии и трибини со гинеколози, за време на отворените еднодневни младински настани, ќе се пренесуваат најважните информации поврзани со оралната хормонска контрацепција.

Првиот настан, со кој што ќе започне оваа кампања ќе се одржи во Битола на 6-ти мај (недела) во Младинскиот културен центар, со почеток во 14 часот.

За организирањето на настаните во другите градови дополнително ќе ве информираме.

Оваа кампања е поддржана од Европското здружение за контрацепција и репродуктивно здравје.  

Министерот наспроти националната стратегија и препораките на ЦЕДАВ

Во „ Националната стратегија за сексуалното и репродуктивното здравје во Република Македонија (2010-2020)“ е планирана интервенција „вклучување на контрацептивните средства на позитивната листа на лекови“ со цел „да се зголеми пристапот до квалитетни услуги за планирањето на семејството и за изборот на современи контрацептивни методи за сите оние што сакаат да гикористат“. Иако еден од индикаторите во стратегијата е „позитивната листа на лекови е проширена со најмалку 3 различни типови на контрацептивни средства“, министерот за здравство јавно изјавува дека нема да има орални контрацептиви на позитивната листа.

Коалицијата предупредува дека изјавите на министерот се косат, не само со обврските преземени со стратегијата, туку и со препораката на Комитетот на ЦЕДАВ, за програми и политики што ќе им овозможат на жените ефективен пристап до средства и до услуги за контрацепција. Имајќи предвид дека стапката на тинејџерска бременост во Македонија е
неколку пати поголема од онаа во земјите во Европа, Коалицијата се придружува на барањето на Х.Е.Р.А. што побргу да се имплементира „Националната стратегија за сексуалното и репродуктивното здравје во Република Македонија (2010-2020)“, со којашто е предвидено обезбедување на достапна модерна контрацепција и воведување на сексуално образование што ќе вклучува наставни содржини за модерните средства за контрацепциј.

За прашањето на контрацепцијата, но и за многу други, неотварање на центри за зависнотс, хомофобични учебници, владината кампања за абортус и многу други може да прочитате во „Извештајот за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“  издаден од Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.