Владата на Република Македонија, односно Министерството за здравство како овластен предлагач достави до Собранието на Република Македонија нов Предлог закон за прекинување на бременоста.

432013_10151389657306176_1458127643_nОва се причините зошто овој закон треба да биде повлечен од собраниска процедура.

  • Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина-базирана на докази ниту во согласност со постојните медицински насоки за прекинување на бременоста дефинирани од страна на Светската Здравствена Организација:
    • доставување на писмено барање од страна на жената за прекин на бременоста,
    • давање писмена согласност за интервенцијата од страна на жената,
    •  задолжително пред-абортус советување,
    • известувување на брачниот партнер,
    • поставување на задолжително време за чекање од 3 дена по советувањето за да може да се изведе интервенцијата,
    • доставување на потврда од гинеколог-специјалист),

Одредбите во член 6 од предлог законот  за прекинување на бременоста  по нејзино барање до 10 недела се во колизија со член 2 од предлог законот кој дефинира дека за прекинување на бременоста слободно одлучува жената, основ по кој најмногу се цени колку земјите ги почитуваат слободите и дигнитетот на жените и се стремата кон постигнување на родова еднаквост.

  • Предлог законот во голем дел ја централизира моќта на одлучувањето во Министерството за здравство, односно министерот лично преку:
    • подготовка на форматот за писмено барање за абортус,
    • воспоставување на акти за советување и клинички протоколи,
    • формирање на првостепени комисии во здравствените институции

Со ова се нарушува автономноста и способноста/капацитетите на здравствените установи задолжени да ја врашат оваа дејност особено што абортусот во законот се дефинира како медицинска интервенција и со тоа експертизата треба да лежи во професионалниот кадар и здравтените установи и медицинската афела (лекарска комора).

Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизра процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и се прифати барањето или не.

  • Високи парични казни како и воведување на мерка затвор за докторите кои не се придружуваат до одредбите во овој закон дури за процедури кои не се живото-заканувачки (водење евиденција, известување на партнер) не соодејствуваат со казните при изведување на други медицинкси интервенции, а дополнително го руши дигнитетот на лекарите и самата професија.
Advertisements

Не ја дискриминирај љубовта

 

ХЕРА – младинска група
„Не ја дискриминирај љубовта“

Меѓународен ден за борба против хомофобија и трансфобија

Волонтерите во ХЕРА постојано работат со млади од целата земја при спроведување на неформално сексуално образование. Често пати кога се работи и се дискутира за прашањата поврзани со различните сексуални ориентации од страна на младите се поттикнуваат хомофобични изјави и ставови, а тие неретко се насочени кон некој од нивните соученици/чки или врсници. Ваквите ситуации за некои млади луѓе преставуваат секојдневие и тие се изложени на вознемирување од страна на своите врсници. Ова пак ги прави младите луѓе ранливи. Наместо да созреваат и растат во средина која ќе ги подржува во остварување на себеси, тие се борат со стигмата, отфрлањето, прекорите, притисоците, вознемирувањето од средината, семејството, врсниците, училиштата – тие се трошат во срамот и скривањето.
Игнорирањето на хомофобијата, не придонесува за менување на состојбите, туку напротив тоа влијае на нивното влошување. Нереагирањето на хомофобичните изјави, на кои понекогаш се гледа само со потсмев, остава простор таквите вознемирувачки изјави и акции да продолжат, но и да се влошат. Нереагирањето и несправувањето со хомофобијата директно влијае на младите луѓе кои се ЛГБТИК, тие не можат да ги остварат своите права на слободно изразување и слободно живеење или пак да добијат соодветна здравствена услуга. Едноставно младите ЛГБТИК луѓе се спречени да ги остваруваат своите основни човекови слободи и права.
Токму поради тоа младите волонтери од ХЕРА го продуцираат филмот “Не ја дискриминирај љубовта“. Преку овој краток едно минутен филм младите волонтери сакаат да ја пренесат пораката за почитување на младите ЛГБТИК луѓе и соочување со хомофобијата. Преку овие движечки слики младите волонтери ја праќаат пораката дека без апсолутно почитување на правата на сите, вклучително и младите ЛГБТИК луѓе, не е можно да градиме отворено и демократско општество. Поради тоа потребно е да се справиме со хомофобијата, таа повеќе да не биде дел од нашето секојдневие, потребно е да се соочиме со стереотипите и табуата, а кои многу често испречуваат пред нас заради неинформираноста.
И да хомофобијата е тука, не треба да ги затвораме очите пред нејзе.
Присутната хомофобија во секојдневието на младите не се отстранува лесно. Особено ако за неа нема ништо во учебниците на основците и средношколците, особено ако се уште стручната јавност ја нема во дебата за правата на ЛГБТК, ако во јавниот и државничкиот говор за ЛГБТК луѓето се зборува како за нездрави и неприродни.

Затоа ни треба:
• Пораки од политичари и јавни личности кои ги прифаќаат младите ЛГБТК како еднакви во општеството.
• Бараме казни за оние кои шират говор на омраза и повикуваат на насилство.
• Ни треба сексуално образование и обучен стручен кадар.
• Ни треба активна и неисплашена стручна јавност да ги разбие митовите и предрасудите за ЛГБТК.

Заедно за подобар свет, со еднакви права за сите!

Потребно е воведување на сексуално образование во училиштата

sso-01Кај младите постои огромно непознавање во однос на сексуалните права и сексуалноста, вели програмскиот директор на Х.Е.Р.А, Драшко Костовски. Во интервју за Радио МОФ, Костовски говори за потребата од воведување на сексуално образование во основните училишта и пристапот на младите до информации за унапредување на нивните сексуални и репродуктивни права.

– Х.Е.Р.А подолго време се залага за воведување на сексуалното образование како задолжителен предмет во основното образование. Која е потребата од сексуално образование за младите и наидувате ли на поддршка кај институциите за оваа иницијатива?

Се обидуваме да поставиме една рамноправна фер соработка со институциите, досега имавме некоја генерална, начелна поддршка, но како што минува времето, се чини дека одредени идеологии и политики кои се генерални и немаат баш многу врска со македонската реалност, почнуваат да стануваат пречка. И покрај сите документи кои ги развивме со министерството за образование, особено рамката за воведување на сеопфатно сексуално образование во Македонија, изработена и од експерти и од стручни институции, невладини организации, дојдовме во една точка во која сакаме да го унапредиме она што постои а тоа е предметот „Животни вештини“. Изработивме прирачник за сите наставници кои ги предаваат тој предмет, и во моментот чекаме да видиме како тој учебник ќе биде прифатен од институциите, пред се од Бирото за развој на образованието и како ќе направиме обуки. Ова беше ветување од овие две институции за оваа година и ќе видиме дали ќе останат доследни и ќе го остварат ветувањето. Сепак, ние сме многу далеку од целосното сексуално образование, кое пред се треба да почне на академско ниво и да добиеме кадри кои ќе можат да предаваат сексуално образование. Но идеологијата од која се води сегашната администрација, а не од фактите и реалноста, претставува голема пречка за унапредување на иницијативата за сексуално образование.

– Колку младите и адолесцентите во земјава се свесни за нивните сексуални и репродуктивни права и дали имаат пристап до сеопфатни информации?

Состојбата не е добра. Освен дејствувањето на некои организации на граѓанскиот сектор, кои иницираат граѓански активизам кај младите луѓе, не можам да кажам дека во редовната програма во основните и средните училишта се залага овој граѓански активизам и запознавање на сексуалните и репродуктивни права. Она што го покажаа нашите истражувања во однос на сексуалното образование и познавањето на младите луѓе на сексуалните права, се фрапантни податоци и практично мислам дека тука треба да се направи дополнително истражување, во однос на правата, во однос на сексуалноста. Особено сум загрижен околу состојбата со која живеат младите од ЛГБТ популацијата и проблемите со кои тие се соочуваат, бидејќи никој не ги препознава. Постои насилство и потценувањето на нивните животи. Она што го добиваме од терен е дека, не само што младите немаат можност да се запознаат со вредности и вештини кои во животот ќе го истакнат почитувањето на другиот и на сите околу нас, туку напротив почнуваат да се стекнуваат со вредности и вештини кои се спротивставени на тоа.

– Според извештајот на Х.Е.Р.А, минатата година се намалил бројот на невладини организации кои работат на агендата на човековите права, додека сите оние кои се борат за унапредување на сексуалните права, правата на жените и правата на ЛГБТ популацијата биле јавно жигосувани. Како се снаоѓате во една ваква ситуација, кога главен приоритет на конзервативните политики се многудетните семејства и растот на нацијата?

Евидентно е дека после некои изјави на високи претставници на власта – министер и премиер на Влада, во кој комплетно се брише суштина на нашата работа и потребата од постоење на родова еднаквост и посебни човекови права, претставуваат многу лош сигнал за атмосферата во која ние работиме. Сепак, нашиот став останува ист – со која било администрација, соработката ќе продолжи во оние сфери во кои што таа администрација ги признава сексуалните и репродуктивните права. Но во секој момент, кога правата на жените, правата на ЛГБТ заедницата, правата на маргинализираните, воопшто човековите права поврзани со сексуалноста ќе бидат загрозени, ХЕРА ќе биде во првите редови за да се спротивстави на тоа. Мислам дека е многу важно што неколку организации се се’ уште тука и истрајно ги застапуваат правата на маргинализираните заедници и на оние кои се најзагрозени и им треба најмногу помош.

– Деновиве на социјалните мрежи беа актуелни инвентивните фотографии од активистите кои како дел од кампањата „Визија 2020“, испраќаат разни пораки за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје. За што се работи?

Тоа е една кампања која ја покренува Меѓународната федерација за планирано родителство, чија членка сме ние од 2010-та година и е еден документ кој треба да се изнесе пред Обединетите нациии. Ние силно го поддржуваме овој документ затоа што не се работи само за политички документ, туку на прво место ги става оние структурални фактори кои треба да го унапредат сексуалното и репродуктивното здравје и правата на луѓето. Станува збор за родовата еднаквост и социјалната правда, како главни принципи за остварување на сите главни приоритети во однос на агендата на Обединетите Нациии. Се работи за еден доста реален документ, во кој и македонската реалност во однос на сексуалното и репродуктивното здравје може многу лесно да се најде, како пристапот до сексуално образование, признавањето на правата на ЛГБТ заедницата, пристапот на сите жени до сексуални и репродуктивни сервиси итн.

Преземено од Радио МОФ.

 

 

Сексуалното образование не се однесува само на сексот

Се викам Велимир. Имам 24 години. Наредниот 31-ви Јануари ќе наполнам 25. Проблемот е што нема да бидам млад веќе. Барем според дефиницијата на Обединетите Нации, каде што млад човек е дефиниран секој кој има помеѓу 14-25 години. Од 7 милијарди луѓе, 1,8 милијарди се на возраст меѓу 10 и 24 години, а 90% живеат во земјите во развој. Значи живеат и во Македонија. Како живеат?

Повеќе од јасно е дека за државата, младите не се на агендата и се надвор од процесот на донесување на одлуки. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, на меѓународниот ден на младите, претходната година на 12-ти Август ја истакна неопходноста од градење на партнерство со младите и истакна дека, за да се ослободи силата на младите мора да бидеме партнери со нив. Колку добар партнер е Македонија?
Неговата Екселенција ги повика сите, владите, цивилниот, приватниот и академскиот сектор да изградат и да ги зголемат можностите за успех на младите. Е тука Македонија е изгубена. Инаку го пратиме светскиот тренд на креирање на изгубена генерација, т.е генерации. Но, ние барем знаеме да наброиме неколку политирачи и ликови од турски серии. Е тоа младите во странство не го можат. Еден нула за нас.

Меѓународната федерација за планирано родителство, во својата визија 2020 ја истакнува важноста на младите и потребата на соработка со нив како генератор на позитивни промени. МФПР смета дека е неопходно да се направи се за да се слушне гласот на младите во општеството, како и да бидат сослушани од страна на политичарите и донесувачите на одлуки. Исто така да се промовираат законите, политиките и програмите за заштита на правата на младите. Да станат дел во обликувањето на иднината во својата заедница, преку инвестирање во образованието, здравјето и благосостојбата, како и засилување на борбата против сиромаштијата и нееднаквоста.

Како долгогодишен волонтер и активист во областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, сметам дека еден од начините за унапредување на секојдневен живот на младите е воведување на сеопфатно сексуално образование како редовен предмет во училиштата. Сексуалното образование не се однесува само на сексот. Факт. Сеопфатното сексуално образование вклучува и сексуалност, пол, сексуално и репродуктивно здравје и права и сексуалното однесување. И она што е многу важно, младите луѓе се стекнуваат со животни вештини и како да се донесат автономни, информирани одлуки.

 

Зошто сеопфатно сексуално образование?
Бидејќи училиштето е вистинското место каде децата и младите треба да се научат како да се грижат за своето здравје. Бидејќи младите имааат погрешни информаации и се неинформирани. Бидејќи младите имаат право на образование. Бидејќи родителите и наставниците ќе бидат вклучени. Бидејќи е вистинската инвестција во младите. Не треба Субрата Рој за тоа.

И за крај:
• инвестиции во изградба на тениски терени и спортски сали не е инвестирање во младите.
• потребно е да се воспостави чадор организација кога ќе ги преставува интересите на младите луѓе.
• воведување на сеопфатно сексуално образование како редовен предмет во училиштата.

 

Ако знаењето е сила знаењето е моќ, нели.

И секако дискусијата може да ја продолжиме на твитер @Velimir_Saveski

 

Повик за граѓани – учество во процесот на изработка на Планот на активности за отворање на семеен центар

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. и Град Скопје ги повикуваат граѓаните да се вклучат во процесот на изработка на Планот на активности за отворање на семеен центар во Град Скопје подготвен од работната група на проектот Прв семеен центар во Град Скопје. Проектот е реализиран во рамките на Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Семејниот центар ќе претставува иновативен сервисен модел во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка и третман не само за жртвите, туку и за сторителите на семејното насилство. Центарот ќе биде отворен во втората половина на годината и ќе биде раководен од ХЕРА и Град Скопје.

Отворањето на центарот е во согласност со Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство (2012-2015) каде се предлага холистички пристап кон заштитата, помошта и поддршката на жртвите. Дополнително проектот ги следи насоките на Локалната стратегија за родова еднаквост на Град Скопје особено јакнењето на положбата на жената и подобрување на пристапот до социјални сервиси со цел намалување на бројот на жени – жртви на семејното насилство.

Вашите предлози и коментари во врска со Планот на активности ќе бидат земени предвид при усвојувањето на финалната верзија на Работниот план која ќе биде преставена на интернет страниците на ХЕРА и на Град Скопје до крајот на април.

Ве молиме вашите коментари да ги испратите најдоцна до 18 април 2013 година на следната е-адреса: kristina.plecic@hera.org.mk .

Преземи План на Ативности 

Глобален осмомартовски твитер маратон

Macedonia_I_am_ending_violence_EN

Оваа година, овој осми март на Меѓународниот ден на жената ХЕРА се приклучува на глобалната акција твитер маратон за да се сопре насилството на жените (global tweet-at-thon to end #ednVAW).

Целта на оваа глобална кампања е да се крене свесноста за родовото насилство и насилството врз жените.

Дел од оваа кампања се 70 парнери, организации и индивидулаци кои сакаат да го дадат својот придонес кон ставање крај на насилството. Со оглед на тоа дека партнерите на оваа кампања се организации кои што се од сите делови на светот, на секоја органзиација и е доделен едночасовен врменеснки период.

Македонија ќе биде дел од овој глобален осмомартовски твитер маратон од 15 до 16 часот по локлано време.

Затоа сите вие индивидуалци, активисти, организации споделете го вашиот глас против насилството, споделете она што вие го правите на овој ден, кое што е знајачно и кои битно ги менува локалните реалности.

Твитнете, споделете фотографија, линк, став, факт сетоа она што е важно користејќи го хаштагот #endVAW.

Волонтирај и фотографирај

Драги средношколци,

Доколку сакате вашето слободно време да го испшолните со нешто интресно, а плус и да стекнете нови вештини, пријавете се.

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Град Скопје објавува повик за учество за работилници за фотографија.

На овој повик може да се пријави секој средношколец од срените училишта во град Скопје. За пријавување пополни ја апликацијата достапна на следниов линк http://hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/aplikacijafoto.doc и испрати ја најдоцна до вторник (5-ти март) на следната адреса daniel.kalajdjieski@hera.org.mk Селекцијата ќе се направи врз основа на пристигнатите апликации и они кои што ќе бидат селектирани ќе бидат контактирани од наша страна.

Работилниците ќе се спроведуваат во Младинскиот центар „Сакам да знам“ http://goo.gl/a0Lml секој недела започнувајќи од 10-ти март.

Доколку имате било какви прашања слободно пишете ни.

Активностите се дел од проектот „ Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во град Скопје“.

Image

Нешто што мора да се прочита….. сите коментари, дофрлувања, шеги што ги слушаме наоколу и не се баш така наивни…..

СОЛИДАРНОСТ

siluВо овој пост ќе се осврнам на една трагадија што го одбележа последниот месец од 2012. 23-годишна девојка од Њу Делхи, Индија била групно силувана и брутално претепана од банда од шест мажи. Освен што ја силувале, напаѓачите исто така и’ ја распарале вагината со метална шипка, при што и ги повредиле цревата. Потоа заедно со нејзиниот партнер, кој исто така бил претепан, била исфрлена од автобусот и оставена покрај патот да умре. Според изворите, голем дел од луѓето што ја виделе не се ни обиделе да и’ помогнат.
 

View original post 816 more words

8 Фестивал Ѕуница

Дојде време и за осмиот по ред фестивал „Ѕуница“. Егал и овој пат во деновите од петок до недела (21-24 декември) ќе ни понуди интересна филмска програма. Се разбира секоја година има нова и различна програма, но целта останува иста, подобрување и зголемување на ЛГБТ културата на ЛГБТ заедницата во Македонија.

 

egal

Фестивалот започнува во петок во Кино „Фросина“. Во 19.30 фестивалот ќе биде отворен со перформанс на Билјана Космогина, а потоа во 20 часот и проекцијата на филмот „Џошуа Три, 1951 г.: Портрет на Џејмс Дин“

Целата програма на фестивалот може да ја погледнете на следниов линк.

Ги слуша ли некој барањата на пациентите со ХИВ во нашата земја?

Ги слуша ли некој барањата на пациентите со ХИВ во нашата земја?

 

Извадоци од изјавите на „Заедно посилни” во изминатите три години:

 

http://jakekaskey.files.wordpress.com/2010/12/hiv-ribbon1.jpg1 Декември 2010: „…во земјава сè уште не е воспоставен интегриран државен систем за обезбедување на антиретровирусната терапија. Во нашиот случај, и најмало доцнење или прекин на терапијата може директно да ги загрози нашето здравје и успешноста на истата а со тоа …

и квалитетот и должината на нашиот живот…Бараме систем за континуирано, редовно и навремено набавување на антиретровирусната терапија!”

1 Декември 2011: „Бараме, Министерството и Клиниката да покажат многу посериозни заложби и да гарантираат дека следната година ќе бидат отстранети сите пречки за навремено обезбедување на терапија и тестови за следење, на кои бевме сведоци оваа и изминатите години. Уште повеќе, очекуваме од Министерството за здравство и Владата на РМ во текот на наредната година конечно да изнајдат одржливо и долгорочно решение за набавка на терапијата за ХИВ и тестовите за следење, преку Фондот за здавствено осигурување”.

1 Декември 2012:

„Најважно прашање на кое апелираме Владата и надлежните институции да му посветат зголемено внимание е прашањето со обезбедување редовна и континуирана достапност на современи антиретровирусни лекови, тестови за следење и воопшто сеопфатна здравствена грижа во врска со ХИВ”.

 

Преземено од белешка на фејсбук.