Кога и колку често на гинеколог?

Кога и колку често на гинеколог?

Вагинолог

Скоро сите девојки се интересираат кога е вистинското време за прв пат да се посети гинеколог. Одлуката кога за прв пат да се посети гинеколог е само твоја лична работа.  Постојат неколку ситуации кои наложуваат кога да посетиш гинеколог.

  • Ако имаш наполнето 16 години, а се уште не си имала прва менструација.
  •  Ако имаш наполнето 18 години, а се уште не си била на гинеколог.
  • Ако планираш да станеш сексуално активна, или веќе си.
  • Ако си сексуално активна, а менстуацијата ти доцни.
  • Ако имаш болни грчеви во долниот дел од стомакот кои не поминуваат.
  • Ако имаш секрет кој обилно истекува од вагината.
  • Ако те чеша во пределот на гениталиите.
  • Ако постои било каква промена во пределот на гениталиите.
  •  Ако размислуваш да почнеш да користиш анти-беби пилули или некое друго контрацептивно средство.

Грижа за своето здравје е кога минимум еднаш во годинита ќе се посети матичниот гинеколог. Редовните контроли помагаат да…

View original post 12 more words

Advertisements

Конкурс за фотографија

gr

Конкурсот за фотографија е отворен до 14-ти јуни (петок). За сите детали околу конкурсот можете да ја погледнете целата објава на следниот линк.

Не ја дискриминирај љубовта

 

ХЕРА – младинска група
„Не ја дискриминирај љубовта“

Меѓународен ден за борба против хомофобија и трансфобија

Волонтерите во ХЕРА постојано работат со млади од целата земја при спроведување на неформално сексуално образование. Често пати кога се работи и се дискутира за прашањата поврзани со различните сексуални ориентации од страна на младите се поттикнуваат хомофобични изјави и ставови, а тие неретко се насочени кон некој од нивните соученици/чки или врсници. Ваквите ситуации за некои млади луѓе преставуваат секојдневие и тие се изложени на вознемирување од страна на своите врсници. Ова пак ги прави младите луѓе ранливи. Наместо да созреваат и растат во средина која ќе ги подржува во остварување на себеси, тие се борат со стигмата, отфрлањето, прекорите, притисоците, вознемирувањето од средината, семејството, врсниците, училиштата – тие се трошат во срамот и скривањето.
Игнорирањето на хомофобијата, не придонесува за менување на состојбите, туку напротив тоа влијае на нивното влошување. Нереагирањето на хомофобичните изјави, на кои понекогаш се гледа само со потсмев, остава простор таквите вознемирувачки изјави и акции да продолжат, но и да се влошат. Нереагирањето и несправувањето со хомофобијата директно влијае на младите луѓе кои се ЛГБТИК, тие не можат да ги остварат своите права на слободно изразување и слободно живеење или пак да добијат соодветна здравствена услуга. Едноставно младите ЛГБТИК луѓе се спречени да ги остваруваат своите основни човекови слободи и права.
Токму поради тоа младите волонтери од ХЕРА го продуцираат филмот “Не ја дискриминирај љубовта“. Преку овој краток едно минутен филм младите волонтери сакаат да ја пренесат пораката за почитување на младите ЛГБТИК луѓе и соочување со хомофобијата. Преку овие движечки слики младите волонтери ја праќаат пораката дека без апсолутно почитување на правата на сите, вклучително и младите ЛГБТИК луѓе, не е можно да градиме отворено и демократско општество. Поради тоа потребно е да се справиме со хомофобијата, таа повеќе да не биде дел од нашето секојдневие, потребно е да се соочиме со стереотипите и табуата, а кои многу често испречуваат пред нас заради неинформираноста.
И да хомофобијата е тука, не треба да ги затвораме очите пред нејзе.
Присутната хомофобија во секојдневието на младите не се отстранува лесно. Особено ако за неа нема ништо во учебниците на основците и средношколците, особено ако се уште стручната јавност ја нема во дебата за правата на ЛГБТК, ако во јавниот и државничкиот говор за ЛГБТК луѓето се зборува како за нездрави и неприродни.

Затоа ни треба:
• Пораки од политичари и јавни личности кои ги прифаќаат младите ЛГБТК како еднакви во општеството.
• Бараме казни за оние кои шират говор на омраза и повикуваат на насилство.
• Ни треба сексуално образование и обучен стручен кадар.
• Ни треба активна и неисплашена стручна јавност да ги разбие митовите и предрасудите за ЛГБТК.

Заедно за подобар свет, со еднакви права за сите!

Повик за граѓани – учество во процесот на изработка на Планот на активности за отворање на семеен центар

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. и Град Скопје ги повикуваат граѓаните да се вклучат во процесот на изработка на Планот на активности за отворање на семеен центар во Град Скопје подготвен од работната група на проектот Прв семеен центар во Град Скопје. Проектот е реализиран во рамките на Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Семејниот центар ќе претставува иновативен сервисен модел во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка и третман не само за жртвите, туку и за сторителите на семејното насилство. Центарот ќе биде отворен во втората половина на годината и ќе биде раководен од ХЕРА и Град Скопје.

Отворањето на центарот е во согласност со Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство (2012-2015) каде се предлага холистички пристап кон заштитата, помошта и поддршката на жртвите. Дополнително проектот ги следи насоките на Локалната стратегија за родова еднаквост на Град Скопје особено јакнењето на положбата на жената и подобрување на пристапот до социјални сервиси со цел намалување на бројот на жени – жртви на семејното насилство.

Вашите предлози и коментари во врска со Планот на активности ќе бидат земени предвид при усвојувањето на финалната верзија на Работниот план која ќе биде преставена на интернет страниците на ХЕРА и на Град Скопје до крајот на април.

Ве молиме вашите коментари да ги испратите најдоцна до 18 април 2013 година на следната е-адреса: kristina.plecic@hera.org.mk .

Преземи План на Ативности 

Нешто што мора да се прочита….. сите коментари, дофрлувања, шеги што ги слушаме наоколу и не се баш така наивни…..

СОЛИДАРНОСТ

siluВо овој пост ќе се осврнам на една трагадија што го одбележа последниот месец од 2012. 23-годишна девојка од Њу Делхи, Индија била групно силувана и брутално претепана од банда од шест мажи. Освен што ја силувале, напаѓачите исто така и’ ја распарале вагината со метална шипка, при што и ги повредиле цревата. Потоа заедно со нејзиниот партнер, кој исто така бил претепан, била исфрлена од автобусот и оставена покрај патот да умре. Според изворите, голем дел од луѓето што ја виделе не се ни обиделе да и’ помогнат.
 

View original post 816 more words

8 Фестивал Ѕуница

Дојде време и за осмиот по ред фестивал „Ѕуница“. Егал и овој пат во деновите од петок до недела (21-24 декември) ќе ни понуди интересна филмска програма. Се разбира секоја година има нова и различна програма, но целта останува иста, подобрување и зголемување на ЛГБТ културата на ЛГБТ заедницата во Македонија.

 

egal

Фестивалот започнува во петок во Кино „Фросина“. Во 19.30 фестивалот ќе биде отворен со перформанс на Билјана Космогина, а потоа во 20 часот и проекцијата на филмот „Џошуа Три, 1951 г.: Портрет на Џејмс Дин“

Целата програма на фестивалот може да ја погледнете на следниов линк.

Национални инвестиции за подобро сексуално и репродуктивно здравје

Првата работа на која помислуваат поголемиот број на луѓе кога ќе се каже зборот „невладина организација“ е „меѓународна пералница за пари во која сите имаат огромни плати“. Можеби го велат тоа, знаејќи дека во Република Македонија, долго време беа регистрирани повеќе од 11.000 НВО, а во реалноста функционираа околу 1.000. Но, со промената на легислативата за граѓанските организации и фондации, се филтрираше процесот на функционирање на самите организации, за понатака, а верувам дека времето ќе го направи своето, ќе продолжат да функционираат оние организации кои со својата посветеност и транспарентно работење го заслужуваат приматот да бидат наречени „граѓански организации“. Самото функционирање на организациите зависи и од нивното финансирање, кое во текот на годиниве што изминаа, беше во главно од странски директни или индиректни донации. Самата држава, вклучувајќи ги и најголемиот број на деловни субјекти кои функционираат во неа, сè уште немаат развиено чувство дека граѓанските организации се дел од општеството и дека треба поконкретно да го поддржат процесот на нивно функционирање. Средствата кои се одвојуваат од Буџетот на Република Македонија за подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје, во споредба со средствата кои ги добива Република Македонија од странските донации, се на многу ниско ниво. За илустрација во 2012 година, преку Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата се издвојуваат средства во висина од 10 милиони денари, преку Превентивната програма за заштита на населението од ХИВ/СИДА се планирани околу 6 милиони денари, а донацијата на Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА, Туберкулоза и Маларија за периодот 2012-2016 изнесува 6.421.275,00 евра.

Милош Стојановиќ

Административно-финансиски директор

Пет факти:
1. Во македонското општество сè уште постојат предрасуди кон улогата, работата и финанси- рањето на граѓанските организации
2. Секоја година, од Буџетот на Република Македонија се одвојуваат средства за финансирање на невладините организации, а истиот за 2012 година изнесува 15.000.000,00 денари
3. Голем дел од правните субјекти во Република Македонија не се свесни дека со финансирање на невладиниот сектор можат да се здобија со огромни даночни ослободувања
4. Во 11 годишното постоење на ХЕРА, учеството на средства од Буџетот на Република Македо- нија не надминало повеќе од 3% во целокупниот годишен буџет на организацијата
5. Градот Скопје е најконстантен поддржувач на проектите кои ги имплементира ХЕРА, иако проектите се од мал размер.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

60 години Меѓународна федерација за планирано родителство

Драги наши членови, пријатели и соработници,

Годинава се навршуваат шеесет години од формирањето наМеѓународната федерација за планирано родителство (МФПР). Организацијата беше формирана во1952 година во Бомбај (Мумбај) со цел остварување на репродуктивните права на жените. Денес, организацијата брои 172 земји членки во кои се воспоставени околу 65 000 клиники. Со проценетите 85 милиони услуги на годишно ниво, МФПР остварува сериозен придонес кон подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје низ целиот свет. Своите услуги и залагања ги заснова врз убедувањето дека сите луѓе, без разлика на различните обележја и социјалната позиција, имаат право на здрав и задоволувачки сексуален и репродуктивен живот и дека, при остварување на тоа право, можат самостојно да донесуваат одлуки. Х.Е.Р.А. како полноправна членка на МФПР, водејќи се од ова начело во земјава работи веќе дванаесет години и годишно остварува околу 35 000, доверливи и бесплатни, услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Со многу чекори напред, некогаш со исто толку, повторно, назад, соработувавме и соработуваме со неколку различни администрации избрани од граѓаните на Македонија. При тоа, мораме да ги поздравиме  оние кои, знаеја или сè уште знаат, да ја стават настрана својата политичка промоција, партиската идеологија и да ги препознаат сериозниот долгорочен пристап заснован на научни сознанија и да ја видат вистинската придобивка за граѓаните, не само во работата на ХЕРА, туку воопшто во граѓанскиот сектор којшто помага во унапреду- вање на кој било сегмент на сексуалното и репродуктивното и сексуалните права во Mакедонија. За да ја одбележиме годишнината на Федерацијата решивме да ја издадеме оваа публикација која има за цел да ја информира јавноста за важноста и поврзаноста на различните аспекти на сексуалното и репродуктивното здравје и сексуални права во општествениот живот. Добро е што последнава деценија оваа тема почна да добива една поголема видливост и да биде дел од секојдневниот дискурс, но од друга страна, се наметнаа анахронични тенденции за ограничување на правото на избор.

Затоа решивме да ги поканиме оние кои секојдневно работат на остварување на нашата мисија и да го кажат своето мислење. Жените и мажите кои работат во ХЕРА се обидоа, низ своите текстови, преку своите лични согледувања, да ги истакнат проблемите со кои се соочуваат секојдневно и кои стојат како пречки за остварување на правата на граѓаните, кога сексуалното и репродуктивното здравје е во прашање. Начинот на нивното обраќање е воочлив. Краток есеистички израз и пет факти од областа која е обработена. Нивната посветеност и нивното искуство се најобјективната референца. Проследете ги овие текстови со внимание и оставете ги вашите убедувања и идеологии на страна. Бидејќи ова е почеток на  eден дијалог. Се работи за социјалната правда и подобар живот за сите нас.

Д-р Милена Стевановиќ, Претседател

ПУБЛИКАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК 

Самопочитта предуслов во остварување на правата

Во минативе десетина години имав можност да се соработувам со различни луѓе, различни по многу основи: позиција во општеството, заедница, класа, образование, возраст и род. Сите тие имаат или би требало да имаат еднакви човекови, а со тоа, и еднакви сексуални права. Подолу во текстот се обидов да ги наведам и да ги коментирам ставовите, на оние „најлибералните“, во однос на концептот на сексуалните права. Како што ќе се види, најчесто овие права, ги врзуваат со ЛГБТ заедниците. Без многу да инсистирам на менување на овој став, ќе истакнам како овае поврзано и се одразува на поимањето на чове- ковите права воопшто.
1. Сексуални права се за,……за сексуална ориентација, за хомсексуалците
Правото на сексуална ориентација, се согласувам, не треба да биде запишано и дефинирано како право. Бидејќи правото на взаемна и консензуална љубов, на тоа кој кого може да сака, меѓу кои било граѓа- ни, не може да биде регулирано со закон. Секако потребен е еден посебен пристап кога се во прашање децата и нивните потреби и развојни капацитети. Но се додека јавно, а противзаконски бидејќи хомосексуалноста не е забранета, ја осудуваме различноста и се додека се обидуваме да ја дефинираме љубовта само како право меѓу различните полови, правото на сексуална ориентација ќе мора да го истакнеме и да го разбереме како посебно пра-
во во нашите закони. Сепак да дополнам: Сексуалните права не се сведуваат само на избор на сексуалниот партнер. Тие се лични и човекови, тие се однесуваат целото сексуално и репродуктивно здравје, на пристапот до најсовремени здравствени услуги, сексуално образование, правото да се планира бројот и времето кога да се имаат деца, правото да се прекине бременоста, правото на недискриминација итн.

2. Сексуалните права се за во спалната соба

Ова е еден редукционистички пристап. Сите зборови со коренот секс се сведуваат на само едно значење, на активноста, на глаголското значење. Во име на некаков замислен, анахроничен морал, интимноста се поистоветува со молкот. Прокламација на зборот срамота, ми паѓа на памет. Тап заборав дека првиот бакнеж, па и првото галење, првото излегување во ноќен клуб и редица други работи, се случиле и се случу- ваат во јавен простор. Несвесен и раскомотен во секојдневното уживање на овие права, како никогаш да не можат да бидат сменети или одземени, „такви права мене не ми требаат“, вели соговорникот. Без да се заборави на правото на приватност, сексуалните права се отсекогаш надвор, во јавниот простор, само сега треба да бидат надвор за сите.
3.Сексуалните права се за мала група на граѓани. Сами нека си се борат за нив.
Соговорникот и понатаму сексуалните права ги поистоветува со правата на ЛГБТ. Функционалистички ги рангира човековите правата според квантитет. Тука се воочува една контрадикција. Од една страна, се тврди дека сексуалните права се за ЛГБТ кои во Македонија не се доволно на број за бараат „посебни“ права, од друга, ја живее паниката дека просторот му станува загрозен бидејќи смета дека хомосексуалноста кај нас е во мода и подем, и дека бројката расте. Обичниот граѓанин, оној осиромашениот, неактивниот и обесхрабрениот, наеднаш се чувствува моќен како држава, па некому дава и одзема права. Да се нема став за правата на другите околу себе, а да се гледа неправдата, само кажува за односот кон сопствените права и за чудното поимање на солидарноста кога се во прашање сексуалните парва. Сексуалните права се за сите, вклучувајќи ги и ЛГБТ.

4. Има други права кои се приоритетни
Ваквиот став започнува да се гради на замислената хиерархиска скала на есенцијални права, па следи прифаќање и утврдување на локалниот менталитет и услови, а потоа и откривање и помирување со граѓанската неверба и неактивност, на крајот конспирација. Мислата тече вака: „ Посебни правата треба да им се дадат само на оние што се навистина загрозени, човековите права се за на хартија, овде никој не почитува закони, посилниот добива, концептот на човековите права, а особено на сексуалните, ни е наметнат од страна.“ Сексуалните права, како сите човекови права, се социјални, се неделиви, еднакво важни и заеднички. Доволна е самопочитта, малку храброст и морална одговорност за да се избори своето право, какво и да е. Тогаш полесно се разбираат правата на другите, на сожителите.

 

 

Драшко Костовски

Програмски директор

 

 

 

Пет факти
1. Во Македонија дел од сексуалните права се загарантирани со уставот и со законската легислатива
2. Хомосексуалноста во Македонија е легална
3. Правото на пристап до сексуално образование за младите во Македонија е ограничено
4. Општо познато е дека хомосексуалноста беше намерно исклучена од Законот за заштита од недискриминација, иако дискриминацијата кон ЛГБТ во земјата е на високо ниво
5. Во Македонија, во последно време, се поставуваaт под прашање правата на пристап до здравствени услуги и на користење на научните достигнувања.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

Безбедното мајчинство во Македонија

Ако сте избрале една од улогите кои ќе ги играте во животот, да речеме да се биде мајка или уште попрецизно да бидете мајка во Македонија, тогаш мислам дека сте го избрале „правиот пат“. Секако ќе ја збогатите државата со население, а таа за возврат ќе ви понуди безбедно мајчинство согласно Националната стратегија за безбедно мајчинство. Доколку сте самохрана мајка ќе ја уживате привилегијата на детски додаток од страна на МТСП. Понатаму, ако, пак, сте мајка во ризик да го остави детето поради тоа што сте самохрана, тогаш државата преку проектот „Моето семејство“, спроведуван од Заводот за социјални дејности, ќе ви понуди поддршка и стручна помош за зголемување на вашите капацитетите како самохрана мајка и еднородителско семејство во ризик, со цел да не се доведете во ситуација да се откажете од своите деца и грижата за нив
да и ја доверите на државата. Е сè ова би било убаво, кога би било реално.

Жената која ќе избере да има дете, најпрво треба да си ги плати прегледите кај матичен гинеколог кои и следуваат бесплатно. Ова не е проблем за вработените и ситуираните жени кои велат „ајде за 300-500 денари не е проблем“, заборавајќи дека нивно загарантирано право е бесплатен преглед во тек на бременоста. Но ако жената доаѓа од групите под социјален ризик во Македонија тоа претставува проблем. Тие жени решаваат да не одат на гинеколог, верувајќи дека се ќе биде во ред со нивното дете, обраќајќи се до космосот да го чува нивни-
от плод. Сакајќи да го игнорираме фактот на лоша заштита на бреме ните, оправдувањата за тоа што ни се раѓаат сè повеќе деца со здравствени компликации и што во последното тримесечје на 2011 година починале 30 доенчиња ќе ги бараме во современиот начин на живот на жените и во големиот број на СПИ. Од друга страна, ако, пак, ја погледнете бројката на регистрирани СПИ во Македонија ќе се зачудите колку е таа мала и ќе се запрашате дали е возможно дека е релевантна.

Уживањето на привилегијата да сте самохрана мајка и цената на детскиот додаток кој ќе го добиете за да го издржувате своето дете, можете да го доживеете или како принуда или како мотивација, што побрзо си најдете партнер со кој ќе ги споделите трошоците. Обуките од проектот „моето семејство“ секако ќе ви објаснат што значи зајакната жена и како да се вклучите во тековните активните мерки за вработување на Владата, но како ќе го прехраните своето дете и како ќе си обезбедите себе и нему достоинствен живот, тоа никој нема ни да се обиде да го чуе, а камо ли да ви понуди рака за поддршка која ви е најпотребна во тие моменти.

Од Министерството за здравство се концентрираат на вреднување на лекарите по учинок, а не размислу ва за тоа како ќе обезбеди доволен број на гинеколози во примарно здравство кои им се потребни на
жените во Македонија. Се запрашувам, кој е планот да се унапреди здравјето на жените, како да се зголеми наталитетот, ама на здравородените. посакувани деца, кога немаме гинеколози во поголемите градови во Македонија, а да не зборуваме во селата. Предлог мерките, дел од кампањата „здравствено осигуран е секој граѓанин на Репу блика Македонија“, не стигнуваат до оние на кои им е најпотребни, најпрво зошто не сите информации стигнуваат до граѓаните, а второ мерките не се усогласени со потребите на граѓаните. Така, на крајот, имаме жени во 21 век во Скопје кои се пораѓаат во домашни услови, не зошто така сакаат туку затоа што немаат избор да постапат поинаку.

Мила Царовска,
координаторка на програмата „Пристап до услуги“

Пет факти:

  1. Стапка на смртност кај доенчињата( 2011) : 7.6 умрени доенчиња на 1000 живородени деца
  2. Стапката на доенечка смртност е и понатаму три пати повисока од просекот во ЕУ од 4.75 на 1,000 родени. Главните причини за ова се во ограничената антенатална грижа за бремените жени или пак несоодветното здравствено однесување на бремените жени; застарената медицинска опрема, како и застарените препораки и протоколи кои придонесуваат кон слаб квалитет на услугите; и помалиот опфат со имунизација вo некои селски средини и во ромските заедници
  3. Од јануари 2011 година со програмата за целосно здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните кои не се здравствено осигурени за 2011 година во Република Македонија им се обезбедува уставното загарантирано право на здравствена заштита, здравствени услуги заради утврдување, сле- дење и проверување на здравствената состојба, универзална достапност при користење на здравствена заштита на целото население, вклучувајќи ги и лицата без постојано место на живеење, бездомници и други ранливи групи, како и избор на матичен лекар во примарна здравствена заштита на сите граѓани на Р. М., со што ќе се овозможи користење на услуги на примарно ниво на здравствена заштита
  4. Во 2009/2010 намален е бројот на регистрирани услуги од областа на планирање на се мејство (од 13.331 во 2008 година на 7.966), антенаталните прегледи (92,982 во 2008 година на 83.287), додека патронажната служба и тимовите за превентивна здравствена заштита на деца од предучилишна возраст бележат пораст. Но системот на следење на здравствената состојба и обемот на здравствената заштита кај жени во репродуктивниот период, како и доенчињата и малите деца сè уште не е целосно развиен и недоста суваат соодветни евиденциони обрасци за ефикасно мониторирање
  5.  Економскиот фактор зема данок кај бебињата. Бремените жени не одат редовно на прегледи кај матичните гинеколози, со што го доведуваат во опасност своето здравје и здравјето на бебето. Се случува за банални работи да се доаѓа на клиника, а кога навистина бебето има здравствен проблем, затајува навремената реакција.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.