Х.Е.Р.А.

МИСИЈА И ЗАДАЧИ

Х.Е.Р.А. е непрофитна организација формирана со слободно здружување на граѓаните, со цел остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат информирани и да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, како и застапување за обезбедување на тоа право.

При тоа се става посебен акцент на информирање, застапување, обезбедување на услуги или препраќање до услуги за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, ХИВ/СИДА, инфекции пренесени преку сексуален и крвен пат, несакана бременост и избегнување на небезбеден абортус. Активностите се наменети за општата популација, со особено внимание кон младите,  сиромашните и оние кои немаат пристап до услуги и  не ги оставаруваат своите права.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

АДОЛЕСЦЕНТИ/МЛАДИ

ЦЕЛ: Подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на  адолесцентите и младите, преку обезбедување на информации, знаење и  вештини на живеење како и зголемен пристап на услуги кои се по мерка намладите

ХИВ/СИДА

ЦЕЛ: Зајакнување на интервенциите за едукација и превенција од ХИВ/СИДА, вклучувајќи и пристап до квалитетни ХИВ/СИДА здравствени и социјални услуги, како и подобрување на квалитетот, грижата и третманот на луѓето кои живеаат со ХИВ/СИДА

ПРИСТАП ДО УСЛУГИ

ЦЕЛ: Подобрување на пристапот до информации, здравствена едукација и здравствени услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје, особено за младите, сиромашните и ранливите групи и сите оние кои имаат ограничен пристап за да го остваруваат оваа право

ЗАСТАПУВАЊЕ:

ЦЕЛ: зголемување на јавната, политичка и финасиска одговорност за поддржување и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права

ПЛАНИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

ЦЕЛ: Подобрување на пристапот до информациите и услугите за планирање на семејството, вклучувајќи пристап до контрацептивни методи и безбеден абортус

ШТО РАБОТИМЕ/АКТИВНОСТИ

1. Програма за врсничка едукација за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје меѓу млади – обука на врснички едукатори и тренери како и организирање на пиер едукативни активности (работилници, делење на кондоми и едукативни материјали и организирање на младински забавни настани) помеѓу младите во рамки на и вон училишните активности како во урбаните така и во руралните подрачја низ републиката

2. Младински пиер едукативен центар – организирање на пиер едукативни работилници за сексуално и репродуктивно здравје меѓу младите и адолесцентите во Скопје

3. Зајакнување на капацитетите на локалните граѓанските организации на полето на ХИВ/СИДА  превенцијата и сексуалното и репродуктивното здравје меѓу младите, сиромашните и ранливите групи

4. Обезбедување на техничка и менторска поддршка на младински граѓански организации кои работат на програми за врсничка едукација

5. Национален Y-PEER тренинг за тренери во областа на ХИВ/СИДА превенцијата и сексуалното и репродуктивното здравје

6. Спроведување на терески превентивни/едукативни активности меѓу ранливи и маргинализирани групи, вклучувајќи Роми, млади и адолесценти сместени во социјални установи, сексуални работнички, мажи кои имаат секс со мажи во координација и поддршка на партнер организации и институции од владиниот и невладиниот сектор

7. Учество во Мониторинг комисијата за евалуација на имплементирање на Националната стратегија за млади 2005 – 2015

8. Организирање на превентивни и социјални кампањи/настани за подигање на јавната свест во однос на ХИВ/СИДА превенцијата, сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права

9. Развивање и дистрибуција на едукативни материјали и публикации во полето на сексуалното и репродуктивно здравје

10. Младински центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ – обезбедување на доверливи и бесплатни здравствени и социјални услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје (гинеколошки и дерматолошки советување и медицински услуги, тестирање и третман на СПИ, бесплатна орална контрацепција, спирали и кондоми, психо-сексуално советување, едукативни работилници, едукативни материјали, пиер едукации)  за сите адолесценти и млади на возраст од 14 до 25 години, особено за сиромашните (вклучувајќи ги и Ромите) и ранливите групи во рамки на заедничка програма и соработка со ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и Министерство за здравство

11. ХИВ/СИДА Советувалиште – обезбедува широк опсег на ХИВ/СИДА услуги, вклучувајќи пред и пост доверливо и доброволно советување и тестирање, советување и обезбедување на ХИВ/СИДА третман, палиативна и социјална грижа за луѓето кои живеаат со ХИВ/СИДА, бесплатни кондоми, едукативни материјали и други превентивни советувања и услуги, во рамки на заедничка програма и соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

12. Бесплатна СОС телефонска линија за превенција на ХИВ/СИДА и Полово преносливи инфекции

13. Теренско ХИВ/СИДА советување и тестирање меѓу ранливи групи и групи кои се со најголем ризик за ХИВ инфекција, вклучувајќи лица кои користат дроги, сексуални работнички, мажи кои имаат секс со мажи, млади, затвореници и Роми, во рамки на заедничка програма и соработка со релевантни граѓански здруженија и Републичкиот завод за Здравствена Заштита

14. Спроведување на бихевијорални и социјални истражувања во доменот на сексуалното и репродуктивно здравје и права

15. Едукативни работилници за превенција од семејно и родово насилство меѓу младите Роми

Посетете не на

www.hera.org.mk

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: