Зашто национализам, етноцентризам?

Иако овој блог првенстевено е наменет за теми околу сексуалното и репродуктивно здравје и права, јас ќе го искористам за да напишам збор, два, по повод убиството на двајца млади во Гостивар и протестите таму… Не можев да останам на страна и само да читам коментари и гледам вести…

Јас сум млад и сум од Гостивар! И јас сум за протести! Така докажуваме дека не сме пасивна младина која е само нем наблудувач на се она што се случува во државата, која впрочем нели е вечна, но како што трганале работиве, не битно. Сакам да кажам, т.е. прашам какви протести?  Етнички поделени? За смена на министерката за внатрешни работи? За Голема Албанија?

Не толку одмамна беше убиството на Мартин Нешковски. МВР повторно создава конфузија кај народот и остава простор за сомнеж, а сето тоа стимулира нетрпение и омраза, особено кај  младите. Молам на страна да се остави политиката во вакви тажни моменти и да се сочувствува со семјствата за убиените! Сите знаеме како е да изгубиш некого….Ништо нема да ја врати прикзната назад, времето нема да се врати наназад, но она што може да го направиме е да бараме правда, да се бара одговорност!

Галје ми е дали Јанкуловска ќе си замине од фотељата! Подобро е да стане од неа и да да помогне максимално да се расветли случајот! Емоциите се јаки, а сите сме свесни како на Балканот е лесно да се потпали огнот! Зарем сега веќе починатите, се убиени само поради тоа што се Албанци? Во Гостивар, многу жално, убиството се искористи за да се протестира со извикување пароли за Голема Албанија…зашто, не разбирам? Зашто национализам, етноцентризам? Само докажуваме колку сме слаби всушност, ранливи и дозволуваме да не водат некои други, наместо сопствените идеали. Каде ги заборавиве вредностите? Јасно ни е на сите колку национализмот и политиката е длабоко вкоренета во ова какво, такво мулти-култи општество, но она што ми пречи е односот на младите! Конкретно за Гостивар, зошто се протестира за Голема Албанија? Да, сите на Балканов докажавме колку сме големи, затоа сме вакви, никакви! Братство и единство! Убаво звучи, нели? Барем мене ми звучи… Јас учев во тоа основоно. Сега не се вика така. Многу македонско беше името? Било титовско, па што, барем тоа име не беше ни македонско, ни албанско, ни турско, ни ромско, беше одединувачко.  Се додека не се научиме да се бориме едни за други, нема да не биде! Зошто не се обединиме за оние работи кои ни се заеднички! Зарем повеќе работи не делат, отколку што не обединуваат? А млади сме, колку може да сме различни , па толку да не се трпиме! Средношколците протестираа со пароли за Голема Албанија, а некои си се смешкаа во фотељите, има се помага на нивните болни умови. Зарем младите се уште ќе бидат нечии марионети, или ќе станеме активни граѓани некогаш! Тука не се трпиме, ама ако се сретнеме на запад, ништо не ни смета!

Сакам да потсетам на една случка, малку повеќе од заборавена. Намерно ја спомнувам сега, како пример за нешто што може да се искористи за обединување на младите во Гостивар.

Како мал бев многу потресен, моите не ми дозволуваа веќе да се приближувам околу  Железничката станица. 2 деца, Македонче и Албанче, беа прегазени од воз! Едното се заглавило во шините, а другото се обидувало да му помогне. Трагедија. Зошто оваа случка се заборави? Па, да, ова приказна не не двои, не се караме околку оваа! Зошто нема спомен обележје? Полесно е да се изгарди македоски и албански плоштад, секако!

Искрено се надевам на праведна завршница на овој немил настан! Секој обид за поврзување на овој настан со големи држави, етнички поделби е……..перверзија!

 

Работилници за форум театар

Сите заинтересирани млади луѓе кои имаат желба , талент и сметаат дека сакаат да станат дел од тимот на форум театар во Х.Е.Р.А, ги охрабруваме да се пријават на работилниците кои ќе бидат организирани во младинскиот центар “Сакам да знам”-Водно.

Форум театарот претставува театарска техника која овозможува одредени општествени прашања да бидат презентирани во јавност и овозможува публиката активно да учествува не само преку дискусија туку и да го сподели своето мислење земајќи некоја од улогите во претставата. По завршување на работилниците ќе се организираат четири настани и во различни градови низ Македонија кои ќе бидат оддржани од учесниците на оваа работилница.

Сите заинтересирани млади кои се од Скопје и имаат од 14 до 18 години  испратете контакт (име, прeзиме  телефон и e-mail) на brankica.tolevska@gmail.com. Вашите податоци испратете ги најдоцна до 22-ти јануари (недела).

Се гледаме набрзо;)

Сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливи инфекции

Овој оддел содржи кратки објаснувања за начините на пренос на вообичаените сексуално преносливи инфекции (СПИ), нивните симптоми и нивното лекување.

Сексуално преносливите инфекции можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или паразити.

Бактериските инфекции можат да се излечат со антибиотици; антивирусни лекови може да се употребат за третман на некои вирусни инфекции, додека извесни лосиони можат да ги очистат местата нападнати од паразити како што се шугата или срамните вошки.

Хламидија

Предизвикувач на ова заболување е бактеријата наречена Chlamydia trachomatis.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Бактеријата може да се пренесе при анален, орален и вагинален секс доколку не се употребува кондом, а може да се одрази на анусот, пенисот, грлото на матката, грлото и очите. Таа може да се пренесе и на бебе во текот на породувањето, и да резултира во инфекција на очите и градите. Погледнете го и делот за LGV (лимфогранулома венереум – инфекција предизвикана од специфични видови на бактеријата Chlamydia trachomatis) подолу.

Хламидијата може да се избегне со употреба на кондом при вагинален или анален секс, односно кондом или дентална фолија при орален секс, како и со тоа што нема да се користат заеднички сексуални играчки.

Симптоми

Симптомите на хламидија обично се појавуваат една до три недели по инфекцијата. Сепак, многу луѓе што имаат хламидија не се свесни за тоа. Се смета дека дури до 75% од жените и 50% од мажите со хламидија немаат симптоми.

Онаму каде што сепак ќе се јават симптоми, кај мажите тие обично се во вид на млечен исцедок од пенисот, особено наутро, како и чувство на печење при мочање. Можно е да отечат тестисите и да се јави силна болка во нив. Жените со хламидија може да забележат млечен исцедок од вагината и/или болка во долниот дел од абдоменот или грбот, или болка при сексуалниот однос. Може да се појави и вагинално крварење во текот на сексот и крварење помеѓу месечните циклуси, како и болка при мочање.

Доколку некој се инфицирал анално, може да се јави воспаленост околу анусот, како и исцедок.

Ако хламидијата не се лекува, кај жените може да доведе до карлично воспалително заболување, што може да предизвика ектопична (вонматочна) бременост и неплодност. Мажите исто така можат да станат стерилни, бидејќи хламидијата може да предизвика епидидимитис, односно воспаление на епидидимисот (цевчето што ги поврзува тестисите со семеноводот); во ретки случаи може да се прекине и дотокот на крв до тестисите. Мажите, а поретко и жените, може да го развијат Рајтеровиот синдром – реактивна состојба која доведува до артрит, уретрит и воспаление на очите.

Дијагноза

Хламидијата се дијагностицира со земање брис од пенисот, грлото на матката, аналниот предел или вагината. Земањето брис може да биде малку непријатно, но обично трае сосема кратко. Некои клиники ќе испитаат примерок од мочка со цел да откријат докази за инфекција со хламидија.

Тестовите што покажуваат присуство на хламидија можат да потраат и една седмица. Важно е да се остане во контакт со клиниката до излегувањето на резултатите, за да може да се пристапи кон лекување доколку се открие инфекција.

 

Лекување

Хламидијата се лекува со антибиотици. Обично тоа е седумдневен третман со доксициклин, или единечна доза на азитромицин. Важно е да се земат сите таблети со цел да се осигура целосно очистување на инфекцијата од телото. Исто така, важно е и вашиот партнер да прими терапија пред повторно да имате сексуален однос. По третманот со азитромицин, симптомите можат да потраат уште неколку дена, бидејќи на антибиотикот му треба време за да почне да делува.

Препорачливо е да се воздржите од сексуални односи (дури и со кондом) сè до завршувањето на периодот на лекување; ова е со цел да се спречи повторна инфекција со хламидија.

Генитални и анални брадавици

Гениталните и аналните брадавици се предизвикани од човечкиот папиломен вирус (HPV, англ. human papillomavirus). HPV е една од најчестите сексуално преносливи инфекции.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Вирусот може да се пренесе во текот на незаштитен анален, вагинален или орален секс, или едноставно преку близок физички контакт. Кондомите можат да го намалат ризикот од пренос, но тоа не е секогаш случај.

Симптоми

Гениталните брадавици изгледаат исто како и брадавиците што можат да се појават на други делови од телото – обично како мали испакнатини на кожата со малку рапава текстура. Некои луѓе што го добиваат брадавичниот вирус немаат видливи брадавици или не ги забележуваат. Брадавиците можат да се појават било каде во гениталниот предел.

Некои облици на HPV се поврзани со зголемен ризик од рак на грлото на матката или на анусот, а тој ризик може да биде уште поголем кај лицата со ХИВ.

Дијагноза

Гениталните брадавици се дијагностицираат со визуелно или рачно испитување на гениталниот и аналниот предел.

Скрининг на грлото на матката е постапка предвидена со цел да открие клеточни промени во грлото на матката што најавуваат рак (наречени дисплазии) – пред ракот да се развие. Ова испитување се нарекува и пап-тест. Тоа подразбира земање на мал примерок на клетки од грлото на матката. Кога овие клетки ќе се испитаат во лабораторија, можно е да се види дали во нив има било какви промени што упатуваат на ризик од развој на рак во иднина.

На ХИВ-позитивните жени им се препорачува да направат скрининг набргу по дијагностицирањето на ХИВ, потоа по шест месеци, а понатаму еднаш во годината. Доколку тоа не ви биде препорачано во овие периоди, треба самите да побарате од тимот за здравствена грижа да ви ги организира испитувањата. Немојте да чекате да бидете поканета за скрининг од вашиот матичен лекар или клиниката. Во случај доколку тие не се свесни за вашиот ХИВ-статус, ќе претпоставуваат дека ви е доволен стандардниот скрининг, кој се прави на секои три години.

Важноста на испитувањето на аналниот канал заради откривање на клетки што најавуваат рак сè уште се проучува. Можеби во иднина ќе наидете и на такви клиники за ХИВ коишто ќе нудат анално испитување како дел од рутинска пракса.

 

Лекување

Инфекцијата со вирусот на гениталните брадавици може да биде излекувана од вашиот сопствен одбранбен систем, иако за тоа може да биде потребно многу време. Постојат разни третмани за отстранување на видливи брадавици, вклучително и употреба на хемиски средства, замрзнување, ласерска операција или крема. Овие постапки можат да бидат малку непријатни.

Развиени се вакцини против оние видови на човечкиот папиломен вирус за кои се смета дека предизвикуваат рак на анусот или грлото на матката и генитални брадавици. Во моментов, вакцината против поттипот што предизвикува рак се обезбедува само за девојчиња во нивните рани тинејџерски години. Вакцината која штити од генитални брадавици е достапна само приватно.

Во тек се студии што треба да испитаат дали вакцините се безбедни и дали се од полза за луѓето со ХИВ. Во Велика Британија, на пример, некои приватни доктори ја обезбедуваат вакцината на лица со ХИВ, но таа е скапа и веројатно бесполезна доколку веќе го имате поттипот на HPV против којшто таа е наменета. Ако размислувате да платите за вакцина, разговарајте со вашиот лекар за ХИВ околу нејзините предности и слабости.

Гонореа

Гонореата е бактериска сексуално пренослива инфекција.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Гонореата може да се пренесе при анален, вагинален, орален, или сексуален однос „уста на анус“ (риминг). Таа може да се одрази на анусот, пенисот, грлото на матката и грлото.

Нелекуваната гонореа може да направи лицето што има ХИВ да биде поинфективно. Нејзиното присуство кај ХИВ-негативно лице исто така може да ја зголеми веројатноста тоа да се инфицира во случај да биде изложено на ХИВ.

Гонореата може да биде пренесена од мајка на дете во текот на породувањето (при вагинално породување), и може да предизвика инфекција на очите на бебето, со висок ризик од слепило доколку не се лекува. Покрај тоа, таа може да се рашири преку крвотокот и да предизвика сепса (силен воспалителен одговор на инфекција во телото), а евентуално и менингит.

Гонореата може да се избегне со користење кондом при вагинален или анален секс, кондом или дентална фолија при орален секс и со тоа што нема да се користат заеднички сексуални играчки.

Симптоми

Кај мажите, симптомите обично се состојат од жолтеникав исцедок од пенисот и печење при мочање. Исто така може да се јави болка во тестисите и нивно отекување.

Симптомите кај жените може да вклучат чувство на печење при мочање и безбоен или крвав исцедок од вагината. Доколку инфекцијата е ректална, и мажите и жените може да забележат слузест, или крвав, исцедок од анусот, болка во анусот или болка при анален секс. Гонореата во грлото обично нема симптоми.

Симптомите на гонореата обично се појавуваат помеѓу два и десет дена по инфекцијата, но може да бидат потребни и до три недели. Сепак, некои луѓе може да не ја забележат инфекцијата, бидејќи симптомите не мора секогаш да бидат присутни, или може да бидат многу благи.

Доколку не се лекува, гонореата може да предизвика посериозни здравствени проблеми, вклучително и карлични инфекции кај жените што може да предизвикаат болка, неплодност, ектопична (вонматочна) бременост, како и проблеми во тестисите и стеснување на уретрата (мочниот канал) кај мажите.

Нелекуваната гонореа може да се прошири во крвотокот и да доведе до треска, а исто така може да влијае и на зглобовите, предизвикувајќи артрит и потекување. Таа исто така може да предизвика и кожни проблеми и еден облик на менингит.

Дијагноза

Постојат неколку начини на тестирање за гонореа. Ако имате симптоми, веројатно ќе ви биде земен брис од врвот на пенисот, анусот, мочниот канал, грлото или грлото на матката. Земањето брис може да биде малку непријатно. Примерок од мочка може да се земе и да се испрати на анализа доколку немате симптоми. Кај лица со симптоми, обично е возможно самото испитување на брисот да покаже дали има присуство на гонореа во гениталниот предел, но гонореата во грлото може да се утврди единствено подоцна.

Сепак, без разлика на местото на инфекцијата, може да бидат потребни до седум дена за да се добијат конечни резултати. Затоа, важно е да ја контактирате вашата клиника за резултатите од тестот.

Лекување

Гонореата се лекува со антибиотици. Со оглед на тоа што таа може да биде отпорна на некои антибиотици, брисовите се праќаат во лабораторија за проверка на делотворноста на препишаниот антибиотик.

Од голема важност е да немате анален, орален или вагинален сексуален однос во текот на седум дена по лекувањето, бидејќи може да дојде до реинфекција со гонореа, или до тоа да му ја пренесете инфекцијата на вашиот партнер. Вашите неодамнешни сексуални партнери би требало да посетат клиника за сексуално здравје заради тестирање и евентуално лекување.

Хепатит А

Хепатит А е вирус што го напаѓа црниот дроб.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Вирусот на хепатит А се пренесува при контакт со инфициран фецес (измет), обично преку загадена храна, како на пример, морски плодови.

Тој може да се пренесе и по секуален пат, особено при орално-анален контакт (риминг). Во повеќе градови во Велика Британија, на пример, забележани се епидемии на хепатит А меѓу геј-мажи. Откако еднаш сте прележале хепатит А, не можете повторно да се заразите, но кај некои лица сепак се забележува враќање на болеста.

Добрата лична хигиена може да го спречи преносот на хепатит А – миење на рацете по одење во тоалет и пред подготовување храна, како и пред јадење.

Вакцинирање

За разлика од повеќето инфекции обработувани во овој оддел, за хепатит А постои вакцина и таа е препорачлива за секое лице што живее со ХИВ, освен доколку постои веќе стекнат природен имунитет. Вакцинацијата се состои од две инјекции, кои се даваат на растојание од шест месеци, и таа обезбедува имунитет во текот на околу десет години. Овие вакцинации кај нас се достапни во центрите за јавно здравје, но претходно треба да се направат анализи за да се провери дали организмот веќе има создадено антитела за овој вирус.

Симптоми

Хепатит А може да предизвика краткорочно благо заболување, а симптомите можат да вклучат пожолтување на кожата и очите (жолтица), нагласен замор, загуба на телесна тежина, повраќање, дијареа (пролив), темна мочка и бледа столица. Симптомите можат да се влошат доколку се пие алкохол, чај или кафе и се јаде масна храна. Луѓето обично се опоравуваат за неколку недели.

Дијагноза

Анализа на крв може да покаже присутна или поранешна инфекција со вирусот на хепатит А. Клиниките за сексуално здравје не прават рутински проверки за хепатит А, но можно е да сте биле тестирани во вашата клиника за ХИВ.

Лекување

Лекувањето на хепатитот А се состои во одмор, пиење течности и избегнување на алкохол и рекреативни дроги. Во текот на опоравувањето од хепатит А важно е да не се прима парацетамол. Заболувањето може да трае подолго и да биде понагласено кај лица што живеат со ХИВ или со ослабнати одбранбени системи. Доколку добиете хепатит А, може да биде потребно извесно време да престанете со земање на лековите против ХИВ. Тоа е од причина што црниот дроб, кој го врши најголемиот дел од разложувањето на лековите во телото, кога е воспален тоа не може да го прави најдобро, што може да доведе до влошување на евентуални несакани дејства од вашите лекови.

За повеќе информации, видете ја брошурата ХИВ и хепатит во оваа информативна едиција (изданието од 2006 година е достапно и на македонски).

Хепатит Б

Хепатит Б е вид на вирусен хепатит, кој предизвикува воспаление на црниот дроб.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Вирусот на хепатит Б се пренесува преку контакт со крв, сперма, плунка или вагинална течност на инфицирано лице. Може лесно да се пренесе при незаштитен сексуален однос, како и од мајка на дете во текот на породувањето. Овој вирус е многупати поинфективен отколку ХИВ.

Хепатитот Б може да се избегне со користење кондом во текот на вагинален или анален секс, како и употреба на кондом или дентална фолија при орален секс и со тоа што нема да се користат заеднички сексуални играчки.

Вакцинирање

На лицата со ХИВ им се препорачува да примат вакцина против хепатит Б, освен доколку имаат стекнато природен имунитет. Таа се состои од три инјекции што се примаат во текот на неколку месеци. Лицата со ХИВ може да го изгубат имунитетот на хепатит Б доколку нивниот имунитет ослабне, па затоа треба редовно да го проверуваат нивото на имунитетот. Вакцините против хепатит Б најчесто се достапни во центрите за јавно здравје.

Симптоми

Кога некој за прв пат се инфицира со хепатит Б, може да развие жолтица (пожолтување на очите и кожата), да го загуби апетитот, да почувствува болки во абдоменот, малаксаност, гадење, повраќање, болка во мускулите и зглобовите или треска. Овие симптоми можат да бидат мошне сериозни, а во ретки случаи и фатални. Сепак, повеќето луѓе не ни забележуваат симптоми.

Во почетната фаза на инфекцијата, повеќето луѓе ќе развијат заштитен имунитет и болеста ќе заврши како акутна инфекција. Сепак, кај околу 10% од возрасните, вирусот продолжува да се размножува во телото долго време по инфекцијата. Овие луѓе стануваат хронично инфицирани со хепатит Б, што значи дека тие ќе останат инфективни до крајот на животот, иако самите може да не чувствуваат симптоми. Некои носители на хроничен хепатит Б најпосле развиваат и хронично воспаление на црниот дроб, па оттаму се и под зголемен ризик од заболување на црниот дроб (цироза), како и рак на овој орган.

Кај ХИВ-позитивните лица што ќе се инфицираат со вирусот на хепатит Б постои поголема веројатност да останат хронично инфицирани со него отколку луѓето што немаат ХИВ.

Нивоата на вирус на хепатит Б во телесните течности на ХИВ-позитивните лица можат да бидат повисоки од оние кај ХИВ-негативните луѓе. Ова се случува од причина што нивните одбранбени системи не делуваат со истата ефикасност во уништувањето на вирусот на хепатит Б во телото. Оттука, ХИВ-позитивните носители на хепатит Б можат да бидат и поинфективни отколку ХИВ-негативните лица.

Дијагноза

Со анализа на крв може да се открие присуство на антитела за хепатит Б, што покажува дека сте биле изложени на вирусот и сте се излекувале од него. Доколку, пак, сте биле изложени, а не сте развиле заштитни антитела, тогаш во вашата крв ќе преостанат фрагменти од самиот вирус, наречени површински антиген на хепатит Б (HBsAg). Тоа значи дека сте хроничен носител и можете да инфицирате други луѓе. Една поддгрупа на носители исто така има и позитивен резултат за т.н. е-антиген, а тоа значи дека нивната инфекција со хепатит е високо инфективна за другите луѓе.

Лекување

Во текот на првичниот период на инфекцијата со хепатит Б, важно е да се обезбеди многу одморање, да се пијат обилни количества течности, и да се избегнуваат алкохолот и рекреативните дроги.

Доколку сте ХИВ-позитивен/-вна и имате хронична инфекција со хепатит Б, тогаш е неопходно да добиете медицинска грижа од лекар којшто е искусен во третирањето и на двата вируси – ХИВ и хепатит.

Во моментот се достапни неколку лекови за третман на хепатит Б. Некои лекови против ХИВ се исто така делотворни и против вирусот на хепатит Б.

Ако сте коинфицирани со хепатит Б, треба да разговарате со вашиот лекар за тоа како таквата ситуација може да се одрази на тераписките можности што ги имате во однос на ХИВ.

За повеќе информации, погледнете ја брошурата ХИВ и хепатит во оваа информативна едиција за пациенти (изданието од 2006 година е достапно и на македонски).

Хепатит Ц

Хепатит Ц е вид на вирусен хепатит, кој предизвикува воспаление на црниот дроб.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Вирусот на хепатит Ц обично се пренесува при контакт на крв со крв. Сепак, неодамна е забележан пораст во бројот на ХИВ-позитивни геј-мажи со позитивен резултат на тест за хепатит Ц, при што единствениот фактор на ризик бил незаштитен сексуален однос.

Други фактори што се чинат поврзани со сексуалниот пренос на хепатит Ц се групниот секс, инјектирање или шмркање дрога, анално администрирање на дрога и присуство на други сексуално преносливи инфекции кај било кој од партнерите – особено сифилис или LGV (лимфогранулома венереум).

Кога се употребуваат правилно, кондомите можат да го намалат ризикот од сексуален пренос на хепатит Ц. Доколку правите фистинг, носете ракавици од латекс и немојте да користите заедничко пакување на лубрикант. Не користете заеднички сексуални играчки. Ова може да го намали ризикот од пренос на хепатит Ц.

За хепатит Ц не постои вакцина. За разлика од хепатитите А и Б, тоа што еднаш сте се инфицирале со хепатит Ц не значи дека не можете повторно да го добиете – со овој вирус е можно да се реинфицирате.

 

Симптоми

Последиците од инфекцијата со хепатит Ц можат да бидат различни. Помалку од 5% од луѓето што го добиваат вирусот развиваат акутни симптоми на хепатит, како жолтица и гадење во времето на инфекцијата, а помал, но сепак значителен број луѓе може да не забележат никакви симптоми во ниту една фаза. За оние што сепак ќе развијат симптоми, тие обично вклучуваат пренагласен замор и депресија.

Дијагноза

Анализа на крвта за антитела на хепатит Ц може да покаже дали сте биле изложени на вирусот, но со оглед на тоа што овие тестови можат да дадат и лажно негативни резултати (особено во раните фази на инфекцијата), PCR-тестот (за мерење на вирусниот товар) може да се искористи за потврдување на инфекцијата.

Други испитувања на функцијата на црниот дроб може да бидат показател за тоа дали вирусот на хепатит Ц го оштетил вашиот црн дроб. За да го проверат тоа со сигурност, докторите обично ќе применат еден од два вида тестови. Првиот е биопсија на црниот дроб, при која се зема мал примерок на ткиво од овој орган заради испитување. Вториот, кој денес е достапен во многу центри, подразбира едноставна крвна анализа или посебен вид на снимање (FibroScan).

Кај лица со ХИВ, дијагнозата на хепатит Ц може да биде потешка, бидејќи инфекцијата може да не се покаже на тестовите за антитела.

Лекување

Како и кај хепатитот Б, лекувањето треба да се спроведе на клиника која има искуство во третирање на коинфекција со ХИВ и хепатит Ц.

Целта на лекувањето е да се ‘излекува’ хепатитот (т.е. вирусот на хепатит Ц да се исчисти од организмот), да се нормализираат црнодробните ензими (показател за функцијата на црниот дроб), да се смири воспалението на црниот дроб, да се спречи прогресија до цироза или рак на црниот дроб, и да се ограничи преносот на вирусот.

Лекувањето на хепатитот Ц не е доживотно и обично трае 24 до 48 недели. Постојат антивирусни лекови што се одобрени за третман на хепатит Ц. Британската асоцијација за ХИВ препорачува хепатитот Ц да се лекува со комбинација од лековите пегилиран интерферон и рибавирин.

Несаканите ефекти од терапијата можат да бидат мошне силни, макар што имаат тенденција да се намалат со текот на лекувањето, а вклучуваат високи температури, болки во зглобовите, опаѓање на косата, депресија и низок број на бели крвни клетки.

Треба да се истакне дека спермата од маж којшто е на терапија со рибавирин е онеспособена за зачнување, како и дека не смее да се дозволи рибавиринот да допре до неродено дете. Паровите што биле третирани со рибавирин треба да избегнуваат бременост (и незаштитен секс) барем шест месеци по завршувањето на лекувањето.

Терапијата за хепатит Ц не е секогаш успешна. Најдобри резултати се забележуваат кај луѓе што ја примаат набргу по инфицирањето со вирусот.

Доколку сте коинфицирани со вирусот на хепатит Ц, тогаш е особено препорачливо да започнете со терапија за ХИВ додека бројот на CD4-клетки ви е околу 350.

За повеќе информации, видете ја брошурата ХИВ и хепатит во оваа информативна едиција (достапна и на македонски).

Херпес

Херпесот е предизвикан од чест вирус познат како херпес симплекс (herpes simplex virus или HSV).

Една епизода на херпес е придружена со болни ранички или чирови што можат да се одразат на устата, гениталиите или анусот.

Штом еднаш сте се инфицирале, вирусот останува во нервните клетки доживотно. Можно е и да не знаете дека сте инфицирани со HSV. Најголем дел од времето вирусот е заспан и не предизвикува симптоми. Тој букнува од време на време, особено ако имате ослабнат имунитет. Дури и кај луѓе што немаат ХИВ, стресот, обичната настинка или изложување на јака ултра-виолетова светлина (на пример, за време на летен одмор) можат да предизвикаат епизода на активен херпес.

Постојат два главни типа на HSV, а обата можат да предизвикаат орална или генитална инфекција. HSV-1 обично предизвикува орален херпес или студени ранички – точки што штипат или болат на работ на усната, каде што започнува кожата на лицето. Понекогаш тие можат да се развијат и на ноздрите, на непцата или горниот дел на устата. Исто така, тој може да предизвика и генитална инфекција.

Болни генитални или анални чирови, понекогаш придружени со грозница, главоболка, болка во мускулите и малаксаност, може да бидат предизвикани како од HSV-1, така и од HSV-2. Херпесните лезии честопати почнуваат како вкочанетост, штипкање или чешање. Ова чувство упатува на тоа дека вирусот патува нагоре по некој нерв до кожата. Таму тој предизвикува мали ипупчувања кои многу бргу прераснуваат во мали воспалени и со течност исполнети пликови. Овие потоа пукаат и фаќаат коричка, а обично им е потребно една до две недели да заздрават кај луѓе чии одбранбени системи се во добра функција.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Вирусот може да се пренесе од лице на лице преку допир на херпесна раничка со слузокожа, на пример при бакнување, или анален, вагинален или орален секс.

За време на епизода на активен херпес треба да избегнувате сексуални контакти.

Херпесот исто така може да се пренесе и кога нема ранички. Вирусот може да е сè уште присутен и да се пренесе од самата кожа или, поверојатно, од слузокожата. Тоа е познато како ‘асимптоматско пренесување’. Таквиот начин на пренос е почест кај ХИВ-позитивните лица. Кондомите не заштитуваат секогаш од пренос на HSV, од едноставна причина што кондомот не ги покрива сите можни предели што ги напаѓа херпесот.

Појавата на генитален херпес го зголемува ризикот за пренос на ХИВ на друго лице (а за некој што нема ХИВ – ризикот да се инфицира).

Кај лицата со ХИВ, епизодите на херпес можат да бидат чести, силни и долготрајни. Понекогаш самите лезии можат да се инфицираат со други бактерии или габи. Покрај тоа што предизвикува големи орални и генитални лезии, херпесот понекогаш може да ги погоди и грлото и очите.

Дијагноза

HSV се дијагностицира со утврдување на вирусот во брис земен од лезија или со т.н. имунофлуоресцентен скрининг. Херпесот во хранопроводот или во дебелото црево може да се испита со употреба на фибро-оптички инструменти.

Лекување и превенција на повторувањето на епизодите

Херпесните инфекции се третираат со ацикловир (Zovirax). Други терапии за херпес вклучуваат валацикловир, познат под брендираниот назив Valtrex, и фамцикловир (Famvir).

Ацикловирот, кога се зема во облик на таблети (200 до 800 mg пет пати на ден во текот на 5 до 10 дена) може да ја намали јачината на епизодите на оралниот херпес и гениталните или анални лезии. Во потешки случаи тој може да биде даден и по интравенски пат. Ацикловирот има мошне малку несакани дејства.

Ацикловир може исто така да се зема на днвна основа за да се намали честотата и јачината на повторливи епизоди на херпес (400 mg два пати дневно).

Ацикловирот не може да го уништи HSV, па така епизодите можат да се повторат. Во аптеките може да се најде и ацикловир-крема за третирање на студени ранички; сепак, многу доктори ја ставаат под прашање нејзината ефикасност. Некои луѓе забележуваат дека солени бањи, мраз, лидокаин-гел (локален анестетик, кај нас познат и како долокаин), лекови против болка, и одмор, помагаат да се ублажат симптомите.

LGV

Лимфогранулома венереум (lymphogranuloma venereum, LGV) е вид на хламидија.

LGV порано била нарекувана ‘тропска инфекција’, бидејќи се јавувала главно во Африка, Азија, Јужна Америка и делови на Карибите. Со воведувањето на антибиотиците во 40-тите години на 20. век, LGV станала исклучително ретка во Европа. Сепак, избувнувања на LGV се забележани меѓу геј-мажи во Холандија, Франција, Германија, САД и Шведска.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Ширењето на LGV во Европа претежно ги вклучувало геј-мажите, од кои многумина биле и ХИВ-позитивни, а често имале и уште некоја сексуално пренослива инфекција како гонореа, сифилис, херпес, хепатит Б или Ц. Се смета дека таа е поврзана со определени видови сексуално однесување – оние кај кои постои поголема веројатност за оштетување на ткиво, како на пример фистингот.

Како и да е, LGV може да ги погоди и мажите и жените, без разлика на нивниот ХИВ-статус. Може да се одрази на пенисот, вагината и анусот, и да биде пренесена при анален, орален и вагинален секс.

Кондомите се мошне делотворни во спречувањето на сексуално преносливите инфекции, вклучително и хламидијата, од која LGV претставува еден вид.

Доколку правите фистинг, носете латексни ракавици и немојте да користите заеднички пакувања лубрикант со други лица. Тоа би требало да го намали ризикот од пренос на LGV и други СПИ.

 

Симптоми

LGV може да предизвика многу непријатни симптоми. Во едно неодамнешно ширење на оваа инфекција, најчестиот симптом бил болка и воспаление во анусот и ректумот (проктитис). Во некои случаи, ова било придружено со потечени жлезди во препоните, а често и со исцедок од слуз или крв од ректумот, како и промена во режимот на столицата.

Доколку не се лекува, LGV може да предизвика генерализирано потекување на лимфните жлезди и гениталиите, како и чирови. Таа исто така може да ги погоди и цревата.

Дијагноза

Ако одите на општа проверка на сексуалното здравје, ќе ви бидат направени испитувања за повеќе сексуално преносливи инфекции. Доколку ви биде откриена хламидија во ректумот, клиниката треба да го испрати примерокот на тест за да се провери дали се работи за LGV.

Ако се плашите дека можеби имате LGV, бездруго кажете им на лекарите или сестрите на клиниката каде што сте се обратиле.

Лекување

LGV може да се излекува со 21-дневен третман со оралниот антибиотик доксициклин. Овој антибиотик се користи за лекување и на други сексуално преносливи инфекции (како и некои други видови инфекции), но кај нив третманот трае пократко.

Во текот на лекувањето треба да избегнувате сексуална активност, а исто така треба да се упатат на лекување и сите скорешни сексуални партнери.

Неспецифичен уретритис (NSU)

Начин на пренос

Неспецифичниот уретритис (NSU) е воспаление на уретрата – каналот низ кој минува мочката (а кај мажите и семената течност). Ова воспаление може да биде предизвикано од сексуално пренослива инфекција, како што е хламидијата. Сепак, мошне ретко тоа може да има и друга причина, како на пример, триење во текот на сексуален однос или надразнување предизвикано од сапун.

Симптоми

Симптомите на НСУ обично се развиваат во текот на околу една недела по инфекцијата. Кога НСУ е предизвикан од некои надразнувачи, како сапун, симптомите можат да се појават речиси веднаш. Како и да е, многу луѓе со НСУ воопшто не покажуваат симптоми.

Кога симптомите се присутни, тие обично се состојат од болка или чувство на печење при мочање, почесто мочање и бел или матен исцедок што може да биде особено забележлив наутро.

Дијагноза

Кај мажите, НСУ се дијагностицира со земање брис од пенисот. Ова може за миг да биде непријатно. Во многу случаи ќе биде можно веднаш да се потврди дали се работи за НСУ, но може да потрае и една недела за тестовите да покажат дали има присуство на хламидија.

НСУ потешко се дијагностицира кај жени. Обично ќе бидат земени брисови од гениталиите (на пр. вулвата, вагината или грлото на матката) за да се види дали има присуство на СПИ.

Лекување

НСУ се лекува со антибиотици, и тоа обично 7-дневен третман со доксициклин или единечна доза на азитромицин. Важно е да се земат сите таблети за да се осигура уништувањето на инфекцијата од телото. Симптомите можат да потраат уште неколку дена по земањето на дозата азитромицин, бидејќи на антибиотикот му треба време за да делува.

Ќе бидете советувани да не практикувате секс (дури ни со кондом) сè до завршувањето на периодот на лекување. Сите партнери што сте ги имале, ако е возможно, би требало исто така да примат терапија, дури и ако немаат никакви симптоми.

Срамни вошки

Срамните вошки се мали паразити што наликуваат на ракови поради нивните клешти, со помош на кои се фаќаат за влакната. Иако тие се особено наклонети кон влакната во срамните предели (т.е. околу гениталиите и анусот), може да се најдат и во влакната во други делови од телото, особено во пазувите, па дури и во веѓите и трепките, иако тоа е невообичаено.

Начини на пренос

Срамните вошки обично можат да се пренесат и да се добијат во текот на сексуален однос, иако било кој облик на интимен телесен контакт може да биде доволен за нивното пренесување. Исто така, можат да се фатат и со употреба на заеднички крпи, постелнина или облека, но тоа се случува поретко.

Симптоми и дијагноза

Некои луѓе ја забележуваат инфекцијата во рок од неколку часа, но други може да не забележат дека имаат вошки и неколку недели. Вошките се многу ситни и може да биде тешко да се видат, но симптомите обично вклучуваат нагласено чешање во препоните, а некои луѓе ќе забележат и јајца цврсто закачени за влакната. На долната облека или постелнината може да се појават и мали дамки крв.

 

Лекување

Лосиони за уништување на вошките – како малатион (Derbac-M), или кај нас вообичаено достапниот шамон Бубил – може да се најдат во аптеките, и тоа без рецепт. Важно е строго да се следат упатствата, бидејќи неправилната употреба може да значи неуспех во исчистувањето на наездата, додека обилната употреба може да предизвика алергиска реакција. Лосионите не ги употребувајте веднаш по топла бања.

Кога ќе почнете со третманот, важно е да ја исперете сета облека, крпите и постелнината што сте ги користеле откако сте се инфицирале со вошките, и тоа со врела вода. Исто така, потребно е да обезбедите дека и вашиот партнер, или било кој друг со кого сте имале близок телесен контакт или сте делеле кревет, како и сите останати во домот, ќе добијат третман во исто време како и вие, со цел да се избегне повторна инфекција.

Шуга

Шугата е кожна инфекција предизвикана од паразит што се крие под кожата и предизвикува нагласено чешање, кое обично е најизразено ноќе.

Начини на пренос

Паразитот предизвикувач на шугата може лесно да се добие преку продолжен кожен контакт со лице што го носи, или, со користење на заеднички крпи или постелнина.

Симптоми

Самиот  паразит е невидлив за голо око, но неговото копање често остава траги во кожата. Тие обично можат да се видат на кожичката помеѓу прстите, задната страна на дланките, околу стомакот, зглобовите на дланката, лактите, пазувите, гениталиите, градите, задникот и стапалата.

Луѓето чии одбранбени системи не се во полна функција (а ХИВ е една можна причина за тоа) можат да развијат распространет осип со густи лушпи и интензивно чешање. Ова се нарекува краста или шуга.

Лекување

Истите лосиони што се користат за лекување на инфекцијата со срамни вошки се делотворни и против паразитот на шугата, иако може да биде неопходно лосионот да се остави да делува подолго (обично 24 часа). Тој треба да се нанесе на целото тело, освен лицето и главата, а на рацете треба да се нанесува повторно по секое миење.

По третманот, чешањето може привремено да се влоши. Во таков случај може да се нанесе хидрокортизон крема, и не треба да се чешаме.

Третманот за шуга не го употребувајте по топла бања.

Облеката, крпите и постелнината треба да се исперат со врела вода за да се избегне инфицирање на други лица или на самите себе.  Како и кај срамните вошки, важно е да се третира и секое друго лице што било во интимен контакт со вас, и тоа во исто време како и вие, со цел да се избегне повторна инфекција.

Ниту паразитот на шугата ниту срамните вошки не можат да го пренесат ХИВ на друго лице. Луѓето со подолготрајни инфекции со срамни вошки и шуга може општо земено да се чувствуваат лошо, а доколку не се лекува, шугата може да доведе до сериозна иритација на кожата.

Сифилис

Сифилис е бактериска инфекција. Бројот на случаи во Велика Британија и многу други земји е драматично зголемен во последните години. Болеста има две главни фази: рана и доцна инфекција. Во раната фаза инфекцијата е високо заразна.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Сифилисот може да се добие мошне лесно при незаштитен анален, орален или вагинален секс. Тој исто така може да се пренесе преку близок физички контакт. Најпосле, може да се пренесе и од мајка на бебе.

Ризикот од добивање на сифилис може да се намали со употреба на кондом при вагинален или анален секс, кондом или дентална фолија при орален секс, како и со тоа што нема да се користат заеднички сексуални играчки.

Нелекуваниот ран сифилис може да го направи лицето со ХИВ поинфективно. Од друга страна, ХИВ-негативно лице коешто има сифилис е под многу поголем ризик да се инфицира со ХИВ доколку биде изложено на вирусот.

Симптоми

Сифилисот може да предизвика редица симптоми, но и воопшто да нема симптоми. Во раната фаза од болеста, симптомите лесно може да не се забележат. Сифилисот може да напредува побрзо и посилно кај лица со ХИВ, а може да јави и нешто поразлични симптоми.

Набргу по инфицирањето со сифилис (примарен сифилис) на местото на инфекцијата може да се појави мала рана, точка или чир (наречен тврд шанкар) – обично на пенисот, во, или околу анусот, вагината или устата. Тој честопати не боли, брзо се залечува, а може да биде придружен со потечени жлезди.

Секундарниот сифилис може да предизвика осип на телото, дланките и табаните, отечени жлезди, грозница, болка во мускулите, главоболка, ѕвонење во ушите, и, во ретки случаи, менингит. Осипот и раните се високо инфективни. Секундарниот сифилис обично се развива во рок од шест месеци по изложувањето.

Кога овие симптоми ќе исчезнат, состојбата станува латентен сифилис. Иако латентен, тој сè уште може да биде пренесен во текот на првата година од оваа фаза, обично преку сексуален или близок физички контакт. Како и да е, по неколку години станува тешко инфекцијата да се пренесе на други лица, што не значи дека не сте инфицирани.

Доколку не се лекува, може да се развие терциерен сифилис, понекогаш и по повеќе години. Оваа фаза може да предизвика оштетување на срцето, мозокот, коските и кожата. Без лекување сифилисот може да доведе до смрт.

Дијагноза

Општ преглед на сексуалното здравје би требало да вклучи и крвен тест за сифилис, а доколку има ранички, од нив треба да се земе брис. Многу клиники за ХИВ денес прават тестови за сифилис како дел од рутинската здравствена грижа во врска со ХИВ. Може да бидат потребни и до три месеци за телото да развие показатели на инфекција со сифилис, па затоа тест направен набргу по изложувањето може и да не ја открие инфекцијата.

Постојат определени докази дека тестовите за сифилис не се толку веродостојни кај ХИВ-позитивните лица.

Доколку постои сомнеж дека е погоден и мозокот, може да се спроведе лумбална пункција за да се оцени степенот на болеста.

Лекување

Сифилисот обично се лекува со пеницилински инјекции. На лицата што се алергични на пеницилин им се даваат таблети доксициклин. За да се осигура целосно излекување на сифилисот, од клучна важност е да се примат сите препишани инјекции или да се земат сите таблети, како и да се направат дополнителни крвни тестови потоа. За да се избегне инфицирање на други лица со сифилис, или повторно инфицирање со бактеријата, важно е целосно да се избегнуваат сексуални односи сè додека не заврши лекувањето.

Сите скорешни сексуални партнери исто така треба да се тестираат и лекуваат.

Контролните крвни тестови ќе бидат извршени на интервали, за да се потврди со сигурност дека инфекцијата ја нема. Ова е особено важно кај лица со ХИВ, бидејќи кај нив постои поголема веројатност да се повтори инфекцијата со сифилис.

Трихомонас

Trichomonas vaginalis е честа сексуално пренослива инфекција предизвикана од ситен паразит.

Начини на пренос и избегнување на инфекцијата

Трихомонасот се пренесува при незаштитен секс. Инфекцијата можете да ја избегнете со употреба на кондом при вагинален или анален секс, употреба на кондом или дентална фолија при орален секс и со тоа што нема да користите заеднички сексуални играчки. Дентална фолија треба да користат и жени што имаат сексуални односи со други жени при триење на нивниот генитален предел (вулва) со вулвата на друга жена.

Симптоми

Кај жените симптомите можат да вклучат обилен вагинален исцедок, чешање, болка во долниот дел на грбот, болка при сексуален однос и честа потреба за мочање. Мажите честопати немаат симптоми, но кога тие се присутни, највообичаени се исцедок од пенисот, печење при мочање и зачестена потреба за мочање.

Дијагноза

Брисови земени од вагината или пенисот се испитуваат под микроскоп, а присуството на трихомонас честопати може да се потврди веднаш. Брисовите може и да се одгледуваат, при што резултатите би биле готови за една седмица.

Лекување

Трихомонасот се лекува со антибиотици. Важно е да се земат сите препишани таблети за да се постигне сигурност дека инфекцијата е исчистена од телото. Би требало да се вратите во лабораторијата или клиниката по една седмица за да ви биде направен уште еден тест како проверка дека сте излекувани. Сè додека не заврши периодот на лекување и додека и сите неодамнешни партнери не примат терапија, не треба да имате сексуални односи (дури ни со кондом). Ова е со цел да се спречи повторна инфекција.

Други инфекции

Во текот на сексуалниот однос можат да се пренесат и други инфекции. Секој однос што вклучува контакт со фецес (измет), дури и во микроскопски количини, како што е римингот, аналниот секс или фистингот, може да доведе до цревни инфекции како џардијаза и криптоспоридиоза. Овие можат да предизвикаат тешка дијареа и повраќање и мора да се лекуваат со антибиотици.

Текстот е преземен од брошурата „ХИВ и сексуални односи

Самопреглед на тестиси

Многу, многу почесто се зборува насекаде за самопреглед на градите кај девојките, како еден од начините за рано октривање на ракот на градите. Еквивалент на таа навика кај жените е самопрегледот на тестисите кај мажите.

Со самопрегледот на тестисите може да се заблежат некои промени на тестисите кои што евентулано би можеле да бидат патогени т.е. да се работи за некви канцерогени промени. Поради тоа важно е секој маж во репродуктивниот период ова да го прави еднаш месечно. А зашто е тоа важно, затоа што најголемиот број на случаи на рак на тестисите се јавува на возраст од 15 до 35 години. И со ваков самопреглед туморто на тестисот може рано да се открие.

И како всушност се прави самопрегледот. Се разбира не ви треба никакви посебни средства,  инструменти или слично. Едноставно заземете удобна позиција, застанете пред огледало. Она што треба да го направите да го земете едниот тестис со двете раце и со показалците , благо со нежни движења да поминете по површината на тестисот. Се разбира да не се притиска премногу за да не биде болно. Иста процедура повторете ја и со другиот тестис. Со текот на времето, колку почесто го правите тоа ќе биде полесно. Како невообичаени промени на тестисот кои што можат да се јават се одредени тврди чворчиња, кои што доколку ги заблежите веднаш мора да појдете на лекар, каде што ќе се направат дополнителни испитувања.

Исто така она што треба да го знаете и е сосема вообичаено дека големината на двата тестиси се различни и често едниот лешжи подоле во однос на другиот во скротумот.

Ако имате било какви прашања пишете ни на contact@sakamdaznam.org.mk

Фактор бивши

Не ми е јасно зашо бивши зборот сите( ама баш сите) ги потсеќа на дечко.Бидете искрени и кажете дека и вие кога го видовте насловот помисливте дека се работи за дечко…..Уствари тоа е и поентата ама не можам да разберам зашо сите зборот бивш го поврзуваат со тоа кревко суштество дечко!!!!

За да ти стане еден дечко бивш треба да има иден ( по моја логика)….Рецимо, кога ќе положам испит автоматски претходниот положен ми е бивш а се додека не положам нов сеуште ми е сегашен. Е тука дојдов до една многу битна поента на муабетов , зашто баш тој сегашен дечко станува бивш??????? Морам а нагласам дека по моето скромно мислење епитетот бивш на машкиот род им е дури и комплимент, тоа им е доказ дека некој/а сериозно се заинтересирал/а за нивниот досаден и непродуктивен живот(чест на исклучоци) .. За да нема расправии да појаснам што мислам под досаден и непродуктивен живот и да нагласам дека тоа е лично мое мислење ( и на 90% од женскиот пол).Стануваат сабајле ( ако може да се нарече сабајле), и за рекордно време стигнуваат до фрижидерот ( за да може после побрзо да се олеснат), вадат се што е можно у меѓувреме јадат комбинации на храна од кои ми се повраќа при самата помисла… И после може среќни да си се вратат на спиење….а од другата страна, ти си станала рано, си ја чистела собата, си била на 100 кафиња со другарките и редно е да го видиш дечко ти, му вртиш едно 123 пати без престан и на крај ти дига сестра му и ти вика дека не смее да го разбуди ( или грдо и е да влезе кај него у соба пошо цела соба му мириса на чорапи)…. После 5 саати се буди тролот и ти се јавува целиот поспан и се жали како претходната вечер манчестер изгубил од барса а ти сирота сочувствуваш со него иако не знаеш ни за кој спорт станува збор….И го тераш да одите на кафе, да се помешате со луѓе и он ја почнува добро познатата теорија дека не му се трошат пари, му се седи со тебе, не ја разбира поентата на идење на кафе кога може да си седите кај него ( да, во смрдливата соба) и да си глеате филмови ( нема везе шо ти глеаш само романтични комедии а он ти пушта психолошки трилери). И ти одиш кај него, нарачувате пица (по 9 пат неделата) , пуштате некој филм – фала богу негово моделче и он заспива после 15 минута… Автоматски тебе ти останува да ја дојадеш пицата, да го догледаш глупавиот филм ( пошо 100% нема да го најдеш даљинското) и после 3 саати дремење и дебелеење време е да го разбудиш да те однесе дома( не дека не би одела сама ама ќе ти треба да подигнеш кредит да  одиш со такси).. Е тука почнува да превртува со очи и да коментиира како он е уморен, те убедува  да останеш да спиеш кај него( и ишијас да добиеш) и на крај ќе те однесе( и верувај дека у наредните 10 караници низ нос ќе ти го извади тоа)…И така наредни година две три…..Додека на девојката не и пукне филмот и го остави!!!!! Е тука дојдов до поентата, не можам да разграничам дали со моментот на оставање автоматски станува бивш независно дали за 2 саати ќе стане сегашен??????? И почнува стандардна процедура, купува ружи (иако знае дека не сакаш цвеќиња), веќе не му е здосадено од кафиња, секој ден сте во кафичите кои до вчера ги колнел (доколку прифатиш) па дури и неколку пати ќе се осуди да влезе и во страшното диско со твоите другарки. Одеднаш твоето друштво е и негово друштво( небитно шо ко мисир сам седи со 15 жени), приметува и најмала промена на твојата коса (а претходно и гулаб да закачеше на глава ќе поминеше незабележана), му се подобрува смислата за хумор (или се преправаш дека ти е интересен) и ред  други работи……епа драги мои бивши……очигледно е дека станувате нормален сегашен откако најмалку еднаш станете бивш!!!!! Добро има и исклучоци кога едноставно престануваме да ве сакаме (или не дај боже вие нас ) J…

Да не се разбереме погрешно……Да разјасниме што сака една СЕГАШНА девојка (пресубјективно) : сака внимание ама не премногу, сака да имаш многу другари ама да имаш доволно време за нea, сака да бидеш фраер пред  друштво (не сака да бидеш оној што оди по цигари у маало)а мил со неа, сака да ја сакаш само неа ама да те погледнуваат и други жени, сака  да знаеш да се облечеш ама некогаш и да ја замолиш за сугестија, сака често да ја изненадуваш ама не пречесто, сака да ја памтиш годишнината ама да не креваш преголема фама околу тоа,сака  романтика ама нејке  лигавење, сака да и се јавуваш често ама не да ја контролираш, сака да излегува со другарки (пардон, обожава) ама сака некогаш и со тебе да се гушка во диско, сака да  и кажуваш дека е убава ама не да претеруваш, сака да знаеш аква музика слуша, која и е омилена книга ама да не и навлагаш премногу у интима, сака…….. ……

Па и ние баш не знаеме што сакамеJJ Нема везе, само да знаете дека се додека сте Г-дин сегашен , ве сака, и ќе ги трпи сите ваши хирови , а во моментот кога ќе станете бивш ако сеуште ви значи , вложете ги сите напори и остварете барем дел од горенаведените ствари….Па ваљда ќе ви се врати…СреќноJ

БИТНО: Ова последното не важи ако сте љубител на риболов!!!!!!

Знаењето е секси!

Нажалост, поголемиот дел од младите тинејџерки денес мислат дека нивна единствена улога на земјава е да бидат секси..Ок не им сметам нека си бидат секси јас само да си разјаснам неколку работи онака рандом, чисто ради принцип……Единствени жртви во сексуалната револуција на на младите девојки денес  се нивните  родители. Јадните тие, не можат на ред да дојдат по голема нужда пошо ќерка им е заглавена у вц и пробуваа разноразни акробации околу бојлерот!! И тие слики ( малце средени на фотошоп) се ставаат на фејсбук и почнува натпревар за кралица на лајковите!И тоа се би било супер и хармонично доколку тие истите не би требало за некоја година да пораснат и да ја водат државава (или барем  дел од нив).

Јас рака на кладо ставам дека најголемата нивна амбиција во моментов е да се омажат богато, за деца неможам да тврдам ама со 100% сигурност можам да кажам дека секој 2 ден ќе си ги лакираат ноктите( да расчистиме,немам ништо против лакирани нокти).

Епа мили мои принцезички ( како што љубите да се нарекувате сами) не е се така розе во реалниот свет! Да, вие богато ќе си се омажите не викам не….маж ви ќе биде многу убав , баш како што си го замислувавте ( ако воопшто го замислувавте), ќе имате голема куќа , кола ( не на ваше име) па дури и куче ќе ви купи по ваш вкус……..

И така ќе си помине година две , бракот ќе ви функционира беспрекорно…Ама, се додека не го откријат еликсирот за вечна младост вие ќе си стареете со годините и понатаму ќе си останете недефинирани ,нереалиирани и  несфатени просечни женички а кучето веројатно и ќе ви умреL. Пошо нема да имате попаметна работа у животот, ќе си седите дома , ќе си гледате турски серии( како што тргнале до тогаш нема ни да завршат), ќе си пеглате , перете , готвите односно ќе си ги правите оние работи кои ги прави една ОБИЧНА домаќинка…А , вашиот маж  на работа ќе запознава паметни и амбициозни жени кои може не успеале многу ама тоа што го постигнале, го постигнале сами без помош од некој спонзор како него”) Е,тука веќе почнуваат проблемите…Освен тоа што тој ќе се осеќа како глупак пошо нема да може да ја донесе жена му на прослава на нова година рецимо од проста причина што нема да може да се снајде со луѓе , ќе се осеќа ко кретен пошо нема да може ни самиот да направи муабет со жена му кога ќе се врати од работа , додека ги гледа жените како се фрцкаат низ канцеларија во најнови чевли и прекрасни парфеми неговата жена( ВИЕ) ќе седи дома со замрсена коса и засукани  ракави ( пошо фала богу нема да му се дотерувате на двоседот) и ред други работи  кои дури  и непријатно ми е да ги набројувам ….И после е многу веројатно маж ви да ве остави  и вие да си останете сами со рецептите…

Знам дека сум многу језива ама на вас останува да си одлучите што сакате …..

Дали би сакале да израснете во жена чиј најголем успех ќе и биде супер погодена манџа или пак сакате да бидете успешна жена , амбициозна жена која знае што сака. Верувајте независно од физичкиот изглед, со сигурност тврдам дека втората ќе биде многу попосакувана не само од мажите туку и од пријателите бидејќи секој би сакал да има во свое друштво некој со кој би можел да направи муабет и на посериозни теми ( тука не спаѓа кој е главен град на Србија)……

Па така, Наместо да трошите време трачарејќи и живеејќи го животот на другите седнете и прочитајте некоја книга…Одете во читална, освен што ќе научите, ќе запознааете многу супер луѓе , па може и ќе се заљубите- не се лоши машките во читална ( од искуство )J A  ако сте по домаќинлукот , седете си дома сликајте си се по вециња ја тотално ве поддржувам ( не ви значи многу ама морав некако да го завршам текстов).

П.с. Ако некој/а се пронајде во текстов нека си подразмисли малце, а ако не на добар пат стеJ A, да и најбитното…чест на исклучоци ;)

П.с Нека и простат лицата од посилниот пол ради епитетите : глупак и кретен , ништо личноJ

Бана @ twitter 

Facebooooookkk

Колку ми фали она старо добро –“ те бараат на домашен”, па ти целата потресена идеш и се молиш да е симпатијата кој ти го земал бројот пред 2 месеци рецимоJИ, ако случајно ти се јави пола саат д’тка ,се туфка за на крај да те викне на кафе.После следува цела церемонија: 2 саати скокаш од среќа низ куќа-(твоите автоматски се прашуваат дали ти треба стручна помош пошо до пред некое време си седела со спуштени ролетни у соба и си штрајкувала со глад дека си дебела), откако ке се стабилизираш следува стампедо од другарки кај тебе дома со мисија да ти помогнат да се дотераш(иако состанокот ти е дури наредна недела )J и на крај следува секојдневна тортура на сиротото огледало.Day after- Стануваш и го проверуваш телефонот 100 пати за да се увериш дека ти се јавил и така секој ден до дека не дојде D-Day.Е тука веќе следува напад на паника, иако си се спремала недела дена унапред , саат време пред искачање ти поима немаш шо ќе носис,одеднаш си се здебелила, баш сега треба да добиеш, пудрата си ја заборавила кај другарка,парфемот кој до вчера беше совршен ,почна да мириса на бугарска ружа и т.н и т.н.Сакала-нејкела се спремаш со брзината на светлината и идеш да се соочиш со главниот( у меѓувреме си повторуваш што треба да кажеш пошо на памет го знаеш цел муабет што треба да му го направуш).Седнуваш ,нарачуваш Nescafe(нема везе што ти у принцип и не пиеш кафе
) и со судни маки се обидуваш да не прскаш низ маса со цевката…И почнуваш да збориш и збориш и збориш( и фала богу се молиш у секој момент да те пољуби)…….

Нареден ден,стануваш од спиење и прво нешто што бараш е нормално телефонот-у меѓувреме превртуваш јоргани(ако е лето ова не важи), мечиња,перници пошо секако дека со телефонот у рака си заспала…Е сега имаш повеќе варијанти, едната е да имаш порака од него и горенаведената церемонија да се повторува повеќе пати , другата варијанта е дека можеби сеуште спие па го чекаш до вечерта да стане, трета варијанта е да нема кредит  , четврта варијанта е………Има мал милион варијанти зашто не би ти се јавил ,ама за жал постои и варијанта дека не е заинтересиран.Значи не си дебела,грда,глупава едноставно не е заинтересиран…Чаре???:) Јави се кај некоја од другарките сигурно ќе му најдете некоја маана и набргу нема да ти се свиѓа…Како и да е , ти беше интересно, недела дена со другарките го трачавте, искочи со него- дефинитивно ти ништо не губишJ

А сега…

Like, коментар,линк…..Леле ме свиѓа…ЗНАЕВ!!! Кафе???-никако,супер ни е на Facebook си  имаме кафич и двајцата- па и на гости си идеме.Џентлмен е не викам не, секогаш ми пушта енергија на Treasure isle и ми помага кога ке постирам на wall дека ми треба помош.А и рака на срце- еснафче дете е, си има фармичка, редовно си ја ора-домакин човек.ЛЕЛЕ па ние и сродни души сме, скоро исти групи сме like-нале , па имаме и многу заеднички пријатели( нема да имаме проблеми околу гостите  на свадба)Еј онлине е…..да му пишам??? ИЛИ НЕ… Ај ќе  чекам …2(сек) и следува језивиот звук од чатот.Умеѓувреме куќата се пали,диносаууси ти влегле дома, марсовци ја нападнале земјата а тебе уво не ти чуе…..

После долги и битни муабети се гасиш и легнуваш да спиеш а уште не си свесна  дека само што ти пројде првиот состанок..( да, истиот состанок за кој требаше да се спремаш недела дена, да се  радуваш , да збориш со другарките…- сега ти помина без ниту една пеперуттка).

Нареден ден -истото , ма још боље, на дневен ред се сликите-треба like-ови да му оставаш ,па ако заслужи негде ќе добие и коментарJИ следуваат денови и денови поминати пред PC иили Лап топ-whatever!

Кога најмалце ќе очекуваш следи нова фаза у “врска”-запознавање со другари.Се уклучуваш на fb и гледаш 20 нови friend request-а,ги прифаќаш културно и се молиш да се пушти некој добар збор за тебе у inbox.Е ,тука веќе имаш полни раце работа :Треба да ги разгледаш сите слики, да ја бараш Mарија –бившата на “дечко ти”,не дај боже ако ја најдеш , ја аднуваш од дотичен Перо( твојот лажен профил) и додека не и ги пронајдеш најцрните работи од нејзиното минато не мрдаш од нејзин профил( у мегуввреме дознаваш се за  неа , татко,мајка ,сестра,брат,комшија,историја на фамилијарни болести и сл.)

И додека ти се замараш со твојата сајбер љубов и неговите пријатели , твоите другарки си го тераат животот-искачаат у диско,се гледаат со дечковци , потенцирам СЕ ГЛЕДААТ-, не си пишуваат, шетаат ,си уживаат..И ти би уживала со нив ама нели не си ти крива што државата ни е у транзиција и нема WIFI сегде. Затоа, приморана си да седиш дома пред монитор и да ја слушаш Јелена Жуѓич у позадина во улога на Шехерезад,Ферхунде која и да е:).После некое време се префрламе на фаза skype и камера( најверојатно единствена физичка активност од почетокот на твојата “врскa”  беше одењето до продавница да си купиш камера и слушалки)…и тука веќе не навлегувам….:)

Значи,ти немаш никаков физички контакт со него ,нема пеперутки,нема искачање,социјален живот 0, ги нема сите убави работи кои им се случуваат на твоите другарки ама затоа :работно место даклтилограф ти е загарантирано,пошо ке научиш да куцаш побрзо одколку да зборуваш,може Zuckenberg ке ти пушти некоја акција како благодарност за твојот допринос кон facebook,нема да трошиш пари за диско,нема да се буткаш у гужви…”мерак”. Али битно дечкото е фотогеничен и супер ќе ви бидат сликите на свадба..Која свадба бе???!!!

Твое е да одлучиш-пеперутки или ……

MAKE LOVE NOT SPAM!!!:)

Две девојчиња

Овој анимиран филм, не е само приказна напишана на хартија, ова е една вистинска приказна за трговија со луѓе.

Трговија со луѓе е начин на заведување, измамување, принудување или на поинаков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат со или без ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Начинот се смета за продажба на или тргување со луѓе, што има многу карактеристики на робување, и кој во многу држави е нелегален. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или ропство поради долг) и други форми на принудно ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели исто така се смета за трговија со тие деца.

Трговијата со луѓе е најбрзо растечка криминална индустрија во светот, со вкупен годишен приход од тргување со луѓе проценет на сума помеѓу 5 и 9 милијарди долари. Советот на Европа наведува: ,,За време на изминатата декада трговијата со луѓе достигна епидемични размери, со светски годишен пазар од околу 42,5 милијарди долари.” Обединетите Нации проценуваат дека приближно 2,5 милијарди луѓе од 127 различни држави се продавани ширум светот. Жртвите на трговијата со луѓе се врбуваат со користење на принуда, лага, измама, злоупотреба на сила, или директно киднапирање. За ефикасно да се совлада трговијата со луѓе преку меѓународните граници потребно е помагање и соработка помеѓу државите. ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа), ад хок меѓувладина организација од Повелбата на Обединетите Нации, е еден од водечките органи за борба со овој проблем на трговија со луѓе, со област на делување која ги опфаќа Северна Америка, Европа, Русија и Централна Азија.

Превземено од Википедија

Дали мастурбирањето е забрането во Исламот?

Овој блог пост е превземен од нашите пријатели од Југо Источна Азија од тамошната младинска мреша One Voice.

Во јануари 2010 година тие одржале панел дискусија во Исламабад за сеопфатно сексуално образование со млади луѓе и професори од факултетите за Исламски студии.

Ова се дел од прашањата и одговорите поставени во врска со сексуалното образование и Исламот од страна на младите:

  1. Дали планирањето на семејството е дозволено во Исламот? – Нема докази дека има препораки да не се користат методите за планирање на семејството во Илсламот.
  2. Дали мастурбацијата е забранета во Исламот? – Професорите по исламски студии објаснија дека има различни гледишта за ова прашање помеѓу различни школи во ислалмската мисла. Според мислата во школата на Имамот Шафи тоа не е дозволено. Според мислата на исламската школа на имамот Абу Ханифа „Алах не би ги побарал немажените и неженетите“ кое што наведува на тоа дека има попустливост кон немажените/неженетите луѓе. Според учењето на Имамот Абу Хамбел тоа не е забрането. Сепак важно е да се спомене дека сите овие исламски учења нашироко се практикуваат помеѓу исласките заедници насекаде во светот и ниту една не може да биде прогласена за погрешна.
  3. Дали Исламот дозволува казнување на девојките чија што невиност не е докажана преку крварење/кинење на хименот? – Не, има многу причини за губење на невиноста, односно кинење на хименот и тоа не се случува од сексуален однос. Има закони за извршување на прељуба според кои може да се суди под одредени околности.
  4. Во Исламот каква е одговорноста на државата за обезбедување на информации и едукација за сексуално и репродуктивно здравје за младите? – Одговорност е на државата да обезбеди здрава околина во општеството. Добивање на информации за сите апсекти на животот е силно охрабрено, а сексуалното и репродуктивното здравје не е исклучок од тоа. Др. Изар исто така посочи дека учениците кои што го завршуваат своето образование во медресите треба да добија 2 неделен курс од страна на државата за да се добијат знаење за новите текови во општеството.
  5. Кое е ставот на Исламот за абортусот? – Според шеријатскиот суд. абортусот е поделен во две категории, пред 120 дена од зачнувањето и по 120 дена. Беше објаснето од страна на професорите дека според Исламот ‘rooh’ или душата се развива во фетусот после 120 ден, па според тоа абортусот може да биде изведен пред тие 120 дена за да го заштити животот на мајката или/и за неопходен третман на мајката. Сепак, по 120 ден абортусот може да биде изведен само за да се заштити животот на мајката. Категорично беше истакнато дека во Исламот не може да се користи абортусот како метод за планирање на семејството.
  6. Кога еден пар има намера да стапи во брак, дали тие можат да имаат секс? – Не. Во Исламот е строго забрането и тоа може да се смета како прељуба.
  7. Дали Исламот дозволува читање, гледање или слушање на било каков вид на материјал кој што се однесува на сексот или на репродусктивното здравје? – Стекнувањето на корисни информации за едукативни цели од било каков извор не е забрането со Исламот. Сепак, вулгарноста е строго забранета.
  8. Како гледа Исламот на сексуалната злоупотреба? – Било која форма на злоупотреба е забранета во Исламот, а тука спаѓа и сексуалната злоупотреба. Исто така Исламот обезбедува препораки за родителите и стрателите како да ги заштитат своите деца од злоупотреба додека тие растат.
  9. Дали Исламот го забранува сеопфатното сексуално образование за децата и младите? – Не. Исламот охрабрува секаков вид на образование за сите сфери во животот и сексуалното и репродуктивното здравје не е исклучок. Сепка, ваквото образование треба да биде дизајнирано во согласност со годините на децата и младите и треба да се спроведува во групи посебно на момчиња, посебно на девојчиња. Покрај тоа многу е важно дека треба да бидат вклучени наставници кои што ги имаат потребните информации и вештини за да се справат со сите прашања поврзани со младите ефективно. Ако ова биде направено од нестручни наставници, истот може да води до уште поголемо создавање на мисперцепции и експлоатација на децата.

Заклучоци:

Од панел дискусијата и она што го кажале професорите по исламски студии, може да се заклучи дека Исламот не забранува никаков вид на информации и едукација на било која тема, а сексуалното и репродуктивното здравје не е исклучок од тоа. Образование е за секого, тоа јасно го вели Исламот, а тука спаѓаат и децата и младите. Всушност во Куранот се покриени многу теми кои што се поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје на многу експлицитен налин. Исламот секогаш застапувал добивање на знаења за сите аспекти на човечкиот живот.

Панелистите исто така ја потенцираа и улогата на родителите и наставниците во адресирањето на прашањата за сексуално и репродуктивно здравје со нивните деца и ученици. Ваквите информации треба да бидат во согласност со нивната возраст, а едукацијата да се извршува во родово сегрегирани одделенија. Обуката на натсавниците е исто така важен апспект за самото образование.

Skype советување

Денес сите ние поминуваме многу време пред компјутер. Или правиме нешто корисно користејќи ги новите технологии или пак едноставно комуницираме со нашите пријатели на фејсбук, мсн, скајп или пак други платформи за комуникација.

И додека така седите пред својот компјутер, времето можете да го искористите и за нешто попродуктивно.

Дали имате некои прашање поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, нешто што не се знаеле или не сте биле сигурни. Можеби ви треба некој совет. Токму поради тоа младите волонтери/едукатори за Х.Е.Р.А. се тука за вас и вашите прашања.Тие ќе ви одговорат на вашите прашање на начин на копј што можете да ги разберет без вообичаените лекарски жаргони, а истовремено тие информации се потврдени и точни.

И тоа е сосема едноставно само додадете не на skype, нашето корисничко име е sakam.da.znam и потоа можете да ги прашате нашите волонтери за сетоа она што е поврзано со сексуално и репродуктивно здравје – што е ХИВ/СИДА, како се пренесува, дали контрацепцијата е штетна, каде да се обратат момчињата доколку се сомневаат некоја сексулано пренослива инфекција, или пак едноставно сакате да се информирате за услугите на Младиските центри „Сакам да знам“ и да закажете преглед кај гинеколог, дерматовенеролог или советување кај психолог.

Skype советувањето ќе се одвива секој вторник и четврток од 16 до 20 часот.

Се читаме на скајп ;)

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.