„Мој избор, моја одлука„
May 5, 2012 Leave a comment
Х.Е.Р.А. ќе ја започне кампањата „Мој избор, моја одлука“. Оваа кампања има за цел да ја зголеми информираноста и свесноста помеѓу младите луѓе во врска со користењето на оралната хормонска контрацепција. Во Република Македонија само 5,6% од студентите користат контрацепција, а за 25% од нив прекинувањето на сексуалниот однос е главен начин на заштита од несакана бременост. Малиот процент на користење на орална контрацепција помеѓу младите е резултат на немањето на пристап до целосни и релевантни информации за орална хормонска контрацепција, односно непостоењето на сеопфатно сексуално образование во нашите училишта. Исто така и оние информации кои се достапни во учебниците се неточни или непотполни, на пример во нив прекинувањето на сексуалниот однос се промовира како метод на контрацепција. Спротивно на Светската здравствена организација во учебниците стои дека оралната контрацецпија „не се препорачува затоа што може да предизвика несакани и трајни последици“. Дополнителна бариера за младите преставува и високата цената на контрацепцијата, односно таа се уште не е покриена од страна на Фондот за здравствено осигурување (не е на позитивна листа).
Поради тоа, во Македонија стапката на тинејџерска бременост е неколкупати поголема од земјите во Европа.
Оваа кампања ќе се спроведува во четири града во Македонија, Битола, Штип, Тетово и Скопје. Преку различни форми на неформално учење, форум театар, проекција на филм, дискусии и трибини со гинеколози, за време на отворените еднодневни младински настани, ќе се пренесуваат најважните информации поврзани со оралната хормонска контрацепција.
Првиот настан, со кој што ќе започне оваа кампања ќе се одржи во Битола на 6-ти мај (недела) во Младинскиот културен центар, со почеток во 14 часот.
За организирањето на настаните во другите градови дополнително ќе ве информираме.
Оваа кампања е поддржана од Европското здружение за контрацепција и репродуктивно здравје.

Коалицијата предупредува дека изјавите на министерот се косат, не само со обврските преземени со стратегијата, туку и со препораката на Комитетот на ЦЕДАВ, за програми и политики што ќе им овозможат на жените ефективен пристап до средства и до услуги за контрацепција. Имајќи предвид дека стапката на тинејџерска бременост во Македонија е