Дали вестите кај нас се препишуваат или се фабрикуваат?!?
March 25, 2012 Leave a comment
Денес во неколку медиуми кај нас беше пренесена веста за протестите против абротус кои што се случуваат во Брисел. Но, овој пост нема да го посветиме на кометирање или анализирање на ставовите на anti-choice движењата во Европа, туку на нажите медиуми.
Понекогаш, ситуацијата со медиумите е толку банална и процирна. Два медиуми „Сител“ и „МТВ“ ја објавија веста, но тоа и не е ништо чудно, медиумите објавиваат вести за еден ист настан. Но она што е чудно самата содржина на веста. Не треба да се прави некоја посебна анлиза за да сфатите нешто, веста дословно е иста.
Веста пренесена од Сител
Веста пренесена од МТВ
Како што можете да видите и од линковите, а и од скриншотот од нивните сајтови последната реченица за сотојбите во Македонија е сосема иста.
Тука се наметнуваат две прашања:
- Дали вестите во Македонија се фабрикуваат од некој/некоја институција/органзиација?
- Дали се пробува да се воведе реториката и терминологијата на „неродени бебиња“ во прашањата поврзани со абортус во нашата држава?
На овие две прашања секако не би одговориле, се е така процирно и јасно…….


