Работилници за форум театар
January 14, 2012 Leave a Comment
Сите заинтересирани млади луѓе кои имаат желба , талент и сметаат дека сакаат да станат дел од тимот на форум театар во Х.Е.Р.А, ги охрабруваме да се пријават на работилниците кои ќе бидат организирани во младинскиот центар “Сакам да знам”-Водно.
Форум театарот претставува театарска техника која овозможува одредени општествени прашања да бидат презентирани во јавност и овозможува публиката активно да учествува не само преку дискусија туку и да го сподели своето мислење земајќи некоја од улогите во претставата. По завршување на работилниците ќе се организираат четири настани и во различни градови низ Македонија кои ќе бидат оддржани од учесниците на оваа работилница.
Сите заинтересирани млади кои се од Скопје и имаат од 14 до 18 години испратете контакт (име, прeзиме телефон и e-mail) на brankica.tolevska@gmail.com. Вашите податоци испратете ги најдоцна до 22-ти јануари (недела).
Се гледаме набрзо;)