Можам да права се што сум правел и претходно – да спортувам, да патувам, да се дружам со луѓе, да се заљубувам

Во овој пост интегрално ги пренесуваме интревјуата со преставниците на „Заедно посилни“ – неформалната група на лица кои што живеат со ХИВ, кои што можевте да ги проследите денес во емисијата „Секси маало“ на Радио МОФ.

Интервју 1

  • Како дознавте за вашиот ХИВ статус?

Па дознав по тоа што мојот партнер беше ХИВ позитивен. И јас одлучив да идам на  клиника. Ипак не знаев што е ХИВ или СИДА и одлучив да се тестирам.

  • Дали знаете како сте го добиле вирусот?

Го добив преку незаштитен сексуален однос. Не било со повеќе од еден партнер, единствено со него што сум била и бил еднаш или два пати незаштитен сексуален однос. Се друго беше сигурен,  заштитен сексуален однос.

  • Дали  и како вашиот живот се промени, откако дознавте за ХИВ статусот?

Веќе 6 години уназад се исто е. Живеам нормално, спортувам, работам, дружам со пријатели, значи се исто е, само што сум ХИВ позитивна.

  • Дали имате потешкотии при добивање на соодветен третман?

До сеа не се има десено да имам, но за во иднина не знам дали би се десило, но не би сакала да имам потешкотии.

  • Дали мислите дека во општеството постојат табуа и дискриминација према луѓето што живеат со ХИВ/СИДА?

Пред неполни 6 години беше голем бројот, односно луѓето не беа информирани што е ХИВ, што е СИДА и голема дискриминација имаше. Не викам дека сега нема. Има и сега,. Но, повеќето од луѓето и младите се информирани може преку тестирање или Интернет. Не е толку така како што беше пред 6 години ан високо ниво дискриминацијата.

Но, ипак ХИВ позитивните ги рачунаат луѓе  кои се болни и значи, кои што не можат  да опстанат, да дружат, да живеат живот нормален како секој човек.

  • Предизвици и проблеми со кои се соочувате?

Па, тешко се доаѓа, ако се дознае дека си ХИВ позитивен, до работно место, нормално нема да те примат. Во здравствените институции, исто така, има проблем, односно сега за сега имаме проблем со PCR, кој што гледа колку е нивото на вирусот во крвта.

  • Дали сметате дека во Македонија луѓето се доволно информирани во оваа област?

Јас мислам дека не се, бидејќи повеќето добиваат информации преку Интернет. А, друго е кога ќе се информираат, кога ќе добијат информации лично од советувач, на советување, бидејќи има голеам разлика кога ќе добијат информации преку Интернет и преку советувалиште за ХИВ на инфективна клиника или во младинскиот центар Сакам да Знам, Водно.

  • Што би препорачале на нашите слушатели?

Би им препорачала, јас лично, од моето искуство е дека не мора да се има повеќе партнери за да се има ХИВ. Доволен е еден незаштитен сексуален однос, да го промени животот на една личност, односно да се скратат желбите на една особа.

  • Како луѓето да станат посвесни за постоење на оваа инфекција?

Па, свесни може да станат, независно дали имаат постојан партнер или партнерка, да користат, значи, заштита при сексуален однос или при инјектирање на дроги. Тоа….

 

 

Интервју 2

 

  • Како дознавте за вашиот ХИВ статус?

Па за ХИВ статусот дознав пред околу година и половина кога бев хоспитализиран на клиниката за инфективни болести. Во тој момент не знаев од што боледував.  Имаше неколку сомнежи. Уште во првите денови откако ми направија ХИВ тест и ми го соопштија потврдениот ХИВ позитивен статус.

  • Дали знаете како сте го добиле вирусот?

Не можам да бидам 100% сигурен и не мислам дека некој може да знaе со сигурност.  Но, се разбира дека претпоставувам и најголема веројатност е, секако, дека вирусот се пренел преку сексуален однос.

  • Дали  и како вашиот живот се промени, откако дознавте за ХИВ статусот?

Па,можам да кажам, веројатно дека се промени на многу начини. Бидејќи, ете секој човек во првиот момент е шокиран, исплашен… Меѓутоа, од друга страна, тоа мене лично ме поттикнало да читам повеќе, д асе информирам и денес после година, скоро две, знам дека ХИВ е една инфекција со кој човек може да живее долг и квалитетен живот, дека не мора суштински д асе промени нашиот живот, дека можам да права се што сум правел и претходно- да спортувам, да патувам, да се дружам со луѓе, да се заљубувам и така натаму.

  • Дали имате потешкотии при добивање на соодветен третман?

Досега за среќа не сум имал лично такви случаи. Меѓутоа, во групата “Заедно посилни” каде што комуницираме околу 15 луѓе во смисла на тоа да си даваме меѓусебна поддршка и ги споделуваме сопствените искуства,  нам дека повеќе луѓе имале случаи кога им била одбиена дури и здравствена услуга, се разбира не на клиниката за инфективни болести, која што е главната институција и единствена во нашата земја каде што се третира ХИВ. Меѓутоа, такви непријатни ситуации се случувале ан други приватни и државни  здравствени установи.

  • Дали мислите дека во општеството постојат табуа и дискриминација према луѓето што живеат со ХИВ/СИДА?

Како и во голем дел од светот, и всушност, сигурно секаде постојат и табуа и дискриминација. За жал, во нашето општество сеуште  нивото на предрасудите е доста високо и единствено што можам да кажам е дека тоа се должи на недоволното познавање на луѓето. Од друга страна, денес во светот работите во врска со ХИВ се менуваат многу брзо…Можеби дури самите луѓе е тешко да следат што е ново на ова поле. Многумина, веројатно не знаат дека денес ефикасната антиретровирусна терапија многу го подобрува квалитетот на лицата со ХИВ, па и неговата должина,се разбира, го намалува количествоoто на вирус во нивната крв, така што тие е многу тешко потоа да го пренесат вирусот на друго лице, дури и при сексуални односи.

  • Предизвици и проблеми со кои се соочувате?

Еден, веројатно од најголемите предизвици, за мене лично и воопшто на целата заедница на лица што живеат со ХИВ во нашата земја е пристапот до континуирана, сигурна, квалитетна терапија. Во моментот,  почнувајќи од 2005 лицата со ХИВ во Македонија имаат пристап до терапија. Меѓутоа, тераписките можности се доста ограничени. Иако, таа терапија ги задоволува моменталните потреби, можеме да очекуваме многу реално во блиска иднина да се зголемат потребите од различни и понови лекови, затоа што лекувањето на ХИВ е една, претставува една сложена стратегија на комбинација на повеќе лекови. По извесно време, по повеќе години на примање на одредена комбинација, човек може да стане отпорен на тие лекови, односно вирусот да развие отпорност и во тој момент е потребно да се заменат лековите. Од таа причина,  и е потребно да бидат достапни поголем број на тераписки можности, односно на различни лекови.

  • Дали сметате дека во Македонија луѓето се доволно информирани во оваа област?

За жал сметам дека сеуште не постои задоволително ниво на информираност кај општата популација. Се разбира, среќавам луѓе кои што и се доволно информирани бидејќи, за среќа, денес сите информации ни се достапни, ако ништо друго, преку Интернет. Освен тоа, во Македонија постојат и невладини организации, па и некои државни органи, кои што повеќе години се занимаваат со ова прашање. Клучно е, особено за младите луѓе да  се информираат. Значи, тоа е лична обврска на секој поединец, пред се за да секој биде свесен и одговорен за своето здравје за да биде запознаен како да го заштити. Преку вистинските информации, сметам дека би се намалиле и би се отстраниле предрасудите што општата популација можеби ги има кон ХИВ воопшто и кон лицата што живеат со ова заболување, кое како и секое друго заболување, нема потреба општеството да има некој посебен однос ан страв кон нашата заедница.

  • Како луѓето да станат посвесни за постоење на оваа инфекција?

Веќе реков дека, информациите денес не се монополизирани, тие се достапни секој има пристап до информации. Очекувам, невладините организации, па дури и нашата група на лица кои што живеат со ХИВ “Заедно посилни” , уште повеќе да се активираме сите заедно, во наскока на споделување на новите информации, на организирање на соодветни кампањи за општата популација, на анимирање на медиумите. Мислам дека одговорноста за точна информација за ХИВ лежи во секој еден од нас. Не само за точната информација за овој вирус, туку и воопшто одговорноста за справувањето со овој вирус и во нашата земја и на глобално ниво.

  • Што би препорачале на нашите слушатели?

Како што веќе реков, да се информираат.

 

Advertisement

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.